3 во 1 решение за сирење – Delight ™

Chr. Hansen го нуди Delight ™ – 3 во 1 решение за елиминирање на горчината и враќање на рамнотежата на вкусот и аромата. И притоа дава мазна структура на ниско маслени сирења

Со побарувачка за ниско маслени алтернативи на нивните омилени производи, побарувачката за ниско-калорично сирење постојано расте.

Податоците од Euromonitor покажуваат дека бројот на тврдите ниско маслени сирења пуштени на пазарот се пораснати за преку 33% во периодот од 2012 до 2014. Сепак, самата потрошувачка на ниско маслените сирења може да биде разочарувачко искуство. Недостаток на арома и чувство на гума за џвакање – ова е обично резултатот кога природната масленост е намалена. Ова исто така води до просечен комерцијален успех за производителите на сирење. Односно, оние кои сакаат да ги искористат предностите од категоријата на ниско маслени сирења.

Без разлика колку се луѓето загрижени за своето здравје, тие не сакаат да направат компромис за својот личен вкус. Според Euromonitor, повеќе од 50% од потрошувачите низ светот ќе купат ниско маслено сирење ако квалитетот е подобар.

Delight ™ дава поцелосен вкус на ниско маслените сирења

Новата стартер култура за зреење на Chr. Hansen, F-DVS Delight™ е посебно создадена да го зачува карактерот и да го истакне природниот вкус и плодната арома од ниско маслените сирења. Delight ™ е името од Lactobacillus helveticus, која дава уникатни придобивки на ниско маслените континентални сирења и ниско маслениот чедар. Од Chr. Hansen кажуваат дека Delight™ нема несакан ефект врз закиселувањето на сирење, што ги отвара вратите кон нови хоризонти: мувлосано меко сирење, сино сирење, сирење со високо ниво на остатоци од шеќер или висока содржина на вода – сите од нив можат да се инокулираат со Delight™ без ризик од закиселување.

“Веруваме дека Delight™ може да ја промени играта со ниско маслените сирења. Всушност, стартер културите им овозможуваат на производителите на сирење да произведат ниско маслено сирење со вкус и текстура што ниту еден експерт не мислел дека е возможно. Поради тоа ние веруваме дека создадовме вистински новитет во сирењето. Стартер културата е наменета за производители кои сакаат да ја задоволат зголемената побарувачка за поздрави, но вкусни сирења. ” објаснува Anne-Claire Bauquis, Глобален Маркетинг Менаџер, Chr. Hansen.

 

 

[1] www.chr-hansen.com

 

Оставете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *