Подобрете ја вашата биозаштита од квасци и мувли со помош на ферментација

Квасците и мувлите се природни загадувачи кои можат да се најдат насекаде во околината и е невозможно целосно да се избегнат во млекарите. Тие се најчестите микроорганизми кои ги расипуваат ферментираните млечни производи како што се јогуртот и киселото млеко. Понекогаш се идентификуваат во тестовите за анализа на квалитет, но почесто рано се појавуваат како несакани проблеми со квалитетот кај потрошувачите. Квасците и мувлите затоа често се главните фактори за релативно краток рок на траење, што потенцијално доведува до зголемено фрлање храна и расипување на брендот. 17% од целиот јогурт во Европа1 се фрла, а студија на “Kantar” за Novonesis откри дека дури и на млечните пазари во Германија и Франција, 7% и 9% од потрошувачите имале искуства со расипан јогурт во рамките на рокот на траење на производот во изминатата година од студијата2. Овие наоди нагласуваат дека одржувањето на квалитетот на млечните производи не е само од суштинско значење за задоволството на потрошувачите, туку и за вредноста на брендот и потенцијалната загуба на приход.

Додадете превентивен чекор во процесот на контрола на квалитетот – започнете од изворот – со ферментативни бактерии

Ферментацијата со прехранбени култури е позната уште од античко време како природен начин за подобрување на квалитетот и продолжување на рокот на траење на млекото. Оптимизација на мешавина од млечнокиселински бактерии што се користат во културите за ферментација на млечни производи, може да помогнат да се намали ризикот од расипување и да се подобри свежината. FreshQ® културите вклучуваат избрани млечнокиселински бактерии кои помагаат во заштитата на ферментираните млечни производи од расипување предизвикано од квасци и мувли. Биозаштита овозможена со ферментација помага во забавување на расипувањето, подобрување на квалитетот, свежината и рокот на траење на јогуртот, белото сирење и други ферментирани млечни производи.

Нема потреба од компромиси

Негативното влијание врз постацидификацијата и вкусот е техничка бариера за многу млекари кои сакаат да користат ферментациска биозаштита. Најновите култури на FreshQ® нудат уникатно мало влијание врз постацидификација, во однос на водечките биозаштитни култури против квасци и мувли на пазарот.

Со слични решенија од други добавувачи на култури, треба да изберете помеѓу посакуваните високи биозаштитни перформанси и ниското влијание врз киселоста.

„Најновите култури на FreshQ® ја подигнуваат ферментациската биозаштита од квасци и мувли на повисоко ниво. Се погриживме да нема потреба од компромиси, бидејќи млекарите не треба да избираат помеѓу силни биозаштитни перформанси и мало влијание врз постацидификацијата и органолептиката. Нашите најнови FreshQ® култури ги обезбедуваат сите предности“, вели Тина Хорнбек, директор на Milk Bioprotection, Novonesis

Влијанието на овие достигнувања е далекусежно. За млечната индустрија тоа значи намалување на отпадот и зголемување на производствената ефикасност и вредност на брендот. За потрошувачите, ова се преведува во подолготрајни производи, подобрен квалитет и приемчивост.

Факти: Како функционира FreshQ®?
Научно откритие

Научниците од Novonesis први го открија главниот механизам одговорен за биозаштитниот ефект против квасци и мувли во ферментирани млечни производи. Нивното истражување покажа дека специфичните соеви на млечнокиселински бактерии ефикасно го апсорбираат достапниот манган, специфичен микронутриент достапен во ограничени количини во млекото, што ги изгладнува загадувачите, квасците и мувлите и значително го одложува нивниот раст.


Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.