Зголемена побарувачката за помалку шеќер во млечните производи

Во последно време, присуството на шеќер во храната се стекна со лоша репутација.

Според New Nutrition Business, намалувањето на шеќер во производите е еден од главните трендови во прехранбената индустрја во 2018 година. Светската Здравствена Организација (WHO) препорачува намалено користење на шеќери кои се додадени во производот.  Да се намали до ниво помалку од 10%, и по можност до 5%.

Статистиките од анализите направени насекаде низ светот покажуваат дека присуството на шеќер во арматизиран и (или) овошен јогурт е поголем од 12%, што е и повеќе отколку во газираните пијалоци. Според Mintel, во последните 3 години, повеќе од 2,200 нови млечни производи се произведени без шеќер, со малку или воопшто без шеќер.

Новите производи најмногу, се произведени од гигантите во производството на млечни производи како Yoplait или Danone. Но секако, има и други компании што прават свои брендови исто така.

Има толку многу иновативни производи на пазарот, новости во нивниот состав како и маркетингшко рекламирање на истите.

На пример, специјално дизајнираниот јогурт за деца на училишна возраст на Fresca во Хрватска. Или пак, јогуртот на Glenisk Bio’s Irish кој беше во пакување специјално дизајниран, за да ја зголеми свеста кај потрошувачите за присуството на шеќер.

Често, храната за деца содржи витамин Д и калциум. Покрај тоа, повеќето млечни производи со ниска содржина на шеќер, ги задоволуваат барањата на потрошувачите за помала содржина на лактоза.

Намалување на шеќер во млечните производи е вистински предизвик за технолозите, бидејќи тоа влијае на органолептичките својства, како што се вкусот и чувството на задоволство при конзумирање. Решенија како ензими, лактаза, и култури посебни во нивниот состав, овозможуваат намалување на шеќер без последици за вкусот. На пример, самата Лактаза овозможува намалување на шеќерот по природен пат за 20%.

Таквите декларации се предмет на одредбите на Европската комисија. Со намалена содржина на шеќер може да се наведе само ако намалувањето е најмалку 30% во споредба со слични производи. За овошните јогурти на глобално ниво, ова значи дека содржината на шеќер не треба да надмине 9% (9 g / 100 g).

 

 

Извор: improvingfood.com

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *