Сирила (Коагуланти) за сирење и кашкавал

Сирила (Коагуланти) за сирење и кашкавал

Chr. Hansen е првата компанија во светот која во 1874 година понудила стандардизирано животинско сирило (коагулант) на пазарот. А еден век подоцна, во 1989 година, CHY-MAX® беше лансиран кој постави нови стандарди. Ова е првата генерација на химозин (FPC) произведен со ферментација. Дваесет години подоцна, во 2009 година, Chr. Hansen го лансираше CHY-MAX® M, поставувајќи го стандардот FPC на следното ниво.

Широк спектар на сирила

Производите на Chr. Hansen имаат за цел да ги задоволат барањата на пазарот на сите производители на сирење – мали и големи, традиционални и иновативни, локални и индустриски – низ целиот свет. 

Ние го доставуваме поширокиот спектар на животински сирила, микробиолошки сирило и химозин произведен од ферментација (FPC). 

CHY-MAX® SUPREME 

Најновиот, прецизен и супериорен коагулант на пазарот. Точните и прецизни перформанси на CHY-MAX® Supreme им овозможува на производителите да добијат:

  • Поголем рандман за 1% во однос на водечкиот коагулант на пазарот
  • Побрзо и попрецизно производство
  • Подобро сечење и рендање со помало распаѓање
CHY-MAX® M 

Оваа FPC од втората генерација е најспецифичниот коагулант. CHY-MAX® M има бројни придобивки, вклучувајќи зголемување на рандманот, помало дозирање, подобра стабилност на текстурата, можност за зголемување на рокот на траење, подобар вкус, намалена горчина, зголемена вредност на сурутка и многу повеќе. CHY-MAX® M е погоден за сите типови на сирење.

CHY-MAX

Повеќето од сирењата низ светот се производени од првата генерација на FPC. CHY-MAX® обезбедува неколку придобивки вклучувајќи зголемување на рандманот, подобар вкус и подобрена вредност на сурутката споредено со микробиолошките коагуланти.

NATUREN® 

NATUREN е животински коагулант произведен од екстрактот на четвртиот стомак од телињата и од говедата. Naturen е особено соодветен коагулант за производство на традиционални сирења и сирења со Заштитена Ознака за Потекло (PDO).

Исто така нудиме сирило наменето за употреба во мали фарми или домаќинства – Hansen Sticks, прашкасто сирило за употреба се до 50 л млеко.

Сертифицирани производи 

Потребите на потрошувачите се секогаш важни за Chr. Hansen. Поради оваа причина, повеќето коагуланти произведени од ферментација се сертифицирани – Халал, Кошер и Вегетаријанско. 

За повеќе информации за производите од оваа категорија, ве молиме контактирајте нас:

office@vitastart.mk, tel.: +389 2 256 22 95   

Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.