Претставување на Hansen-овиот сладок компир™ – тајната зад најдобрата алтернатива на карминот на пазарот

 

Децениската програма на Chr. Hansen резултира со нов и уникатен сладок компир кој што е суровината која создава жива алтернатива на карминот и синтетичките црвени бои.

Што се случува кога боите од природни извори не се доволни да ги задоволат остроумните потрошувачи? Создаваш нов извор.

Chr. Hansen рекламира нова растителна сорта – Hansen-овиот сладок компир ™ Ipomoea batatas – користејќи традиционални методи да создадат долготрајна, живописна, природна црвена алтернатива на карминот.

CHR Hansen FruitMax red orange ice
Chr. Hansen FruitMax red orange ice

“За прв пат, содадовме целосна нова сорта од растение за да ја создадеме природната боја која нашите потрошувачи ја бараат,“ објаснува Jakob Dalmose Rasmussen, потпретседател, Комерцијален Развој во Chr. Hansen Природни Бои.

“Ја викаме Hansen-овиот сладок компир™. Пред повеќе од 10 години, откривме ветувачки пигмент во коренот на растителната кртула, но пигментот на растението беше на ниско ниво. Го земавме ова растение и тргнавме во процес на селективно одгледување користејќи традиционални, без ГМО методи. Резултатот е растително-базирана, брилијантна црвена боја која што им дава на нашите потрошувачи природна алтернатива на карминот и синтетичките бои,” додава Dalmose Rasmussen.

Се започнува со вистинската суровина

Chr. Hansen има тим од искусни експерти за развој на нови и префинети материјали користејќи селективно одгледување. За да го постигнат тоа, тие соработуваат со колеги, одгледувачи и научници низ целиот свет.

“Се започнува со вистинската суровина. Нашите научници за растенија поминуваат години во одгледување и селектирање, после генерации од садење. Станавме партнери со одгледувачите да ги научиме најдобрите начини за садење, негување и собирање на жетвата на Hansen-овиот сладок компир™. И ги усовршивме методите за ракување, транспортирање и екстракција. Резултатот е во Hansen-овиот сладок компир™ со својата уникатна комбинација од висок принос, брилијантна боја и висок капацитет на пигменти од растенија,” објаснува Luc Ganivet, потпретседател, Иновација и Апликација во Chr. Hansen Природни бои.

 

CHR.Hansen FruitMax red ice
Chr. Hansen FruitMax red ice

Светло црвена алтернатива на кармин

Hansen-овиот сладок компир™ е основата од неодамна лансирањето на линијата на FruitMax® на светли црвени решенија кои решија едни од најголемите предизвици од претходно достапните црвени бои.

“Црвената боја Јагода е популарна нијанса за прехранбени производи – од колачиња до кондиторски производи до милкшејкови. Но до сега беше скоро невозможно да се направи огнена црвена боја и притоа да нема ризик од присуство на вкус, без употреба на кармин. И како што потрошувачите се движат кон вегетаријански и вегански производи, потребата за алтернатива на кармин стана неопходна. Нашите нови FruitMax® црвени концентрати се 100% базирани од растенија и обезбедуваат ново решение за нашите потрошувачи кои гледаат да одговорат на овој тренд,” заклучува Dalmose Rasmussen.

 

Новиот FruitMax™ Orange на Chr. Hansen и скоро презентираните FruitMax® црвени бои се базирани на Hansen-овата мешавина на сладок компир. Тие се минимално процесирани и ги задоволуваат барањата на ЕУ за “храна што бои храна” (Coloring Foodstuffs).

 

 

[1] www.chr-hansen.com

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *