Палета на пробиотски култури NU-TRISH®

Палета на пробиотски култури NU-TRISH®

Пробиотски култури за различни видови храна и пијалоци како што се сок, ферментирано млеко и производи од растително потекло.

NU-TRISH® палетата на производи се користат во млечната индустрија и во апликација кај производи од растителна основа. Го дава најдоброто од двете области: одлична текстура и вкус, како и оптимизиран број живи пробиотски клетки.

Бидејќи пробиотиците се живи бактерии, вистински предизвик е да се произведуваат и промовираат во храната и пијалоците.

Улогата на Chr. Hansen е да им помогне на производителите да создадат производи со најдобар вкус, со оптимален број живи бактерии на крајот на рок на траење на производот, осигурувајќи дека пробиотските бактерии се присутни во доволни количини за да го дадат очекуваниот ефект кај потрошувачите.

Пробиотиците NU-TRISH® се достапни:

  • како единечни соеви за примена во храна и пијалоци
  • како оптимални блендови јогуртни култури и пробиотици за да се обезбеди совршено ферментирано млеко и производи од растително потекло

„Се ангажираме во развој на пробиотскиот производ со клучните производители и сме горди дека нашите документирани пробиотици се позиционирани како вистински пробиотици, избрани од голем дел од производите во супермаркетите ширум светот.

Имаме посветени тимови кои работат на создавање на најдобри пробиотски производи од млечната  и производи на растителна основа. Начинот на кој работиме со производителите е преку силни партнерства и лични насоки во текот на процесот на развој на нов производ, од концепт па се до полица во малопродажба вклучувајќи и предлози за апликација, маркетинг и лимити во законска регулатива“. – Chr. Hansen

Контактирајте нè доколку сакате да дознаете повеќе за палетата  на пробиотски култури – NU-TRISH®

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *