Нови стартер култури со кои се добиваат свежи и кремави бели сирења

Една од последните новини на Chr. Hansen им помага на производителите на сирење да произведат свежи и кремави бели сирења кои сепак го одржуваат посакуваниот вкус и текстура

Серијата DVS® SSC се најновите производи од палетата на производи за сирење на Chr. Hansen. Оваа серија производи се состои од четири култури и е креирана за да создаде сирење со свеж вкус и кремаво чувство при конзумирање.

Сирење со инстаграм-изглед

Во традиционалниот пазар на сирење, Милениалс (родени помеѓу 1980 и 2000) бараат сирење со посвеж вкус и попривлечен изглед. Можностите за извоз кон нови пазари исто така расте, што значи дека вкусот и текстурата на производот треба да бидат константни во подолгиот рок на траење.

Кремавото сирење нуди голема разновидност во визуелниот изглед и вкус. Тоа може да се добие кога стартер културите се комбинираат со култури на зреење.

“Потрошувачите се повеќе и повеќе се водат по визуелно привлечните производи. Со кремавото сирење, има и поголем потенцијал да се зголеми естетиката,” објаснува Jens Skytte Soerensen, Комерцијален Менаџер за развој на сирење во Chr. Hansen. “Со ова зголемување на интересот на потрошувачите, сега е вистинско време да се претстави производ како DVS® SSC. Од причина што им помага на производителите на сирење да произведат кремаво сирење што ги исполнува очекувањата на потрошувачите.”

Постојан квалитет и постојани перформанси

Во текот на првата фаза во производство на сирење, млечниот шеќер се ферментира во млечна киселина користејќи стартер култура. Тука производителите на сирење може да го користат DVS® SSC за да добијат производ кој ќе остане вкусен и свеж во текот на складирање. Ова е возможно поради внимателното селектирање на streptococcus thermophilus кои ја поддржуваат ниската деградација на млечни проитеини и маст.

Четирите култури кои припаѓаат во DVS® SSC серијата се внимателно одбрани и селектирани за да обезбедат постојан перформанс. Системот се состои од повеќе видови во секоја култура и четири култури за ротација. Односно култури кои обезбедуваат стабилен рН и силна фагова робусност.

 Науката позади кремавото сирење

“Вкусната кремава текстура што потрошувачите ја сакаат се постигнува со уникатните својства на киселост и малото формирање на егзополисахариди,” објаснува Jens Skytte Soerensen.  “Значи, науката, како и правилните луѓе го произведуваат идеалното кремаво сирење.”    

 

 

1: Euromonitor (2018)
2: Mintel (2016)

 

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *