Инокуланти за силажа

Со инокулантите за силажа од Chr. Hansen, им овозможуваме на фармерите да го подобрат квалитетот на силажата додека добиваат поодржливо производство засновано на природни решенија.

Се вели дека ние сме тоа што го јадеме. Истото важи и за добитокот.
Свежата, хранлива силажа подготвена со корисни бактерии поддржува нормално здравје и перформанси за вашите млекодајни и месодајни говеда. Силажата го сочинува најголемиот дел од дневниот оброк за говедата ширум светот. Главната цел на производите од силажа е да ги зачуваат корисните нутритивни вредности и вкусноста, притоа намалувајќи ја загубата на сувата материја. Правилното управувањето со силажата може да има влијание врз севкупната профитабилност на стадото.

Врз основа на речиси 150-годишното искуство во биотехнологијата, Chr. Hansen развива природни инокуланти за поквалитетна силажа со цел да одговори на предизвиците со кои секојдневно се соочуваат производителите на говедско месо и млечни производи.
Во Chr. Hansen има доволно искуство и производи за да се помогне на секој производител или деловен партнер со висок степен на специјализирано знаење за индустријата.

Содржејќи уникатни соеви на млечнокиселински бактерии, овие инокуланти го подобруваат процесот на ферментација додека го инхибираат растот на мувлата и квасецот.

  • Хранење со силажа кога е потребно
  • Спречување на расипување на горниот слој
  • Одржување на постојан квалитет на силажата
Поодржливо производство

Силажните инокуланти од Chr. Hansen за млекодајни и месодајни говеда се интегрална алатка за производителите ширум светот во нивната потрага да добијат подобро производство врз основа на природни решенија. Обезбедувајќи  добри бактерии за силажата, нашите инокуланти имаат директно позитивно влијание врз развојот на фармерите:

  • Намалување на загубата на сува материја, што пак ги намалува емисиите на CO2
  • Намалено разградување на протеини, што резултира со намалено производството на амонијак
  • Намалување на отпадот и подобрување на зачувувањето и вкусот на силажата
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.