Зголемете го вашиот асортиман на млечни производи со добро-документираните пробиотици на Chr. Hansen

Секоја година, милиони луѓе низ светот страдаат од респираторни болести и настинки.1 Бактериите и останатите надворешни околности кои ги предизвикуваат настинките се тешки да се одбегнат, па затоа се потпираме на нашиот имунитет да не одржи здрави со тоа што се бори со нив. Истражувањата покажуваат дека со конзумирање на производи кои содржат пробиотици – вклучувајќи ги L. CASEI 431®, BB-12® и LGG® на Chr. Hansen – можат да го зголемат нашиот имунитет со намалување на болести и во исто време ни дозволуваат да останеме здрави.

Што се пробиотици?

Пробиотиците се живи бактерии кои можат да ги зголемат придобивките по здравјето кога се конзумираат во правилна количина. За да се водат како научни пробиотици, храната мора да исполнува 3 критериуми: мора да содржат живи бактерии; да имаат здравствени придобивки кои се поддржани во истражувањата; и да имаат утврдено предложено количество единици за формирање колони (CFU) препорачани за да се добијат овие придобивки. Иако сеуште се истражува опсегот на пробиотски апликации, одредени видови покажаа некои продобивки во зајакнување на имунитетот.

Пробиотиците може да го поддржат имунолошкиот систем

Потешкотиите при дишење и настинките – вклучувајќи ги и треската, поткашлувањето и сувото грло – можат да бидат товар и на луѓето и на општеството, бидејќи луѓето кои се соочуваат со овие проблеми можат да бидат отсутни од работа.

Многубројни истражувања сугерираат дека одредени пробиотски видови може да го поддржат одржувањето на здрав имунолошки систем помагајќи да се избегнат респираторни проблеми. Особено, видовите L. CASEI 431®, BB-12® и LGG® се проучени во високо квалитетни клинички студии. Дополнително конзумирање на овие видови е поврзано со помалку случаеви на респираторни проблеми.

Интересот во здравје се зголемува

Додека пробиотките производи традиционално се сметаат за корисни за здравјето на дигестивниот систем, во последните години расте и интересот за употреба на пробиотици за подобрување на имунитетот. Ова се одразува на долгорочен тренд кој имплицира дека потрошувачите се посветени на одржување на доброто здравје и разбираат дека здравјето може да биде поддржано со здрав избор.

Пробиотиците додаваат вредност на традиционалните млечни производи

Растечкиот интерест во пробиотиците помеѓу потрошувачите е уникатна можност за производителите на млечни производи да додадат вредност и така да направат нивните производи да се разликуваат. Потрошувачите очекуваат придобивки од пробиотиците од храна која е директно поврзана со ферментација, и млечните производи со историја од ферментација, како јогурт и кефир, се природен избор за оние кои ги бараат придобивките.

“Во Chr. Hansen, знаеме дека доброто здравје е најважно за благосостојбата. Ние сме посветени во поддршката на потрошувачите со создавање пробиотски видови кои ги подобруваат својствата на млечните производи, притоа поддржувајќи ја благосостојбата на оние кои уживаат во нив,” објаснува Lars Bredmose, Senior Director, Dairy Health во Chr. Hansen.

Со научно докажаните видови на Chr. Hansen, иновациите може да се аплицираат во сите ферментирани млечни производи, вклучувајќи кефир, јогурт, скир и Грчки јогурт.

 

 

 

 

 

1  WHO, Fact sheet influenza (seasonal), 2018

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *