Потребата потрошувачите да го пробаат токму вашиот производ е резултат на безбројни импресии и лични приоритети. За да потрошувачот купи повторно од истиот производ, значи дека имал позитивно искуство, т.е. барањата кои ги има при секое купување на тој производ се заджани. Нашите Bactoferm® култури за месо нудат:
Постојан квалитет
За да се осигури постојан квалитет е потребно секојдневно да се има контрола, но кој ја контролира месната флора на таканаречените занаетчиски колбаси? НИКОЈ!! Само при добавување високо ниво на стандардизирани соеви, месната флора може да биде потисната и да биде намалена променливоста која доаѓа од неконтролираната ферментација.
Контрола на процесот
Користењето на Bactoferm® значи придобивки за контрола. Bactoferm® е нова група култури за ферментација. Тие се произведени од стандардизирани соеви, со цел да се произведе економски поволно и ефикасно и испорача постојан квалитет со секоја шаржа. Денешните стартер култури се изолирани од месо и колбаси, на пример од Италија.
Привлечно за око
Ние како потрошувачи, често купуваме со нашите очи, т.е. купуваме производи, кои изгледаат привлечно за нас. Bactoferm® влијае позитивно на изгледот на производот преку формирање природна и атрактивна црвена боја.
Одличен вкус
Најважна причина производот да биде повторно купен е вкусот, како основно својство. Bactoferm® културите кои се познати по својата природност и живи добри бактерии, се меѓу најбитните причини за ароматот на саламите. Особено поради примена на недоминантни видови бактерии.
Правилна структура
Структурата е една од најважните параметри за квалитет за потрошувачите и производителите. Без разлика дали се работи за помек или поцврст производ, потребно е да е конзистентен, т.е. со добра структура.
Принос
Приносот е важен параметар и е во тесна врска со структурата и степенот на сушење. При контролиран процес може да се оптимизира приносот паралелно со квалитетот.
Безбедност
Одговорноста на операторот со храна е да произведе и пласира производи кои се безбедни за консумација, т.е. да не се расипани и да не пренесуваат заболувања. Bactoferm® е клучот во овие напори при закиселување на месната смеса и овозможување полесно сушење.
Едноставност при употреба
Стартер културите не бараат промена на технолошкиот процес. Се очекува финалниот производ да се произведе за пократко време споредено со производ во кој не е употребено стартер култура.
Корисни мувли
Во некои месни производи традиционално се употребуваат мувли, додека во некои воопшто не се прифатливи. На пример, во саламите помагаат за добивање текстура, потрадиционален аромат, контрола на рН и отсуство на афла –токсини, но само ако се применуват комерцијални мувли. Во палетата на Bactoferm® се вклучени и мувлите.
Заштита на брендот
Bactoferm® се поврзува и со заштита на брендот, т.е. потрошувачот добива она што го бара и очекува, а притоа се креира платформа за зголемена продажба.
Докажана технологија
На светско ниво, уште во 1960-етите со примената на стартер култури во саламите се потврдени добри резултати добиени со комбинација на традиционалната технологија и стандардизирани стартер култури. На овој начин се елиминираат варијациите поврзани со неконтролираната и потенцијално опасна основна микрофлора. Многугодишното искуство при користење на стартер културите помогна да се креираат нови технологии кои се побезбедни и поефикасни.
Едноставно означување на етикетата
Културите за ферментација генерално се означуваат како „стартер култури“. Ова означување има позитивен маркетиншки ефект и често се употребува и таму каде означувањето на културата не е задолжително. Консултација со државната агенцијата за храна и ветернинарство е неопходна.
Одржливост
Отпадот од храната е растечки светски хуман и етички проблем,а таму каде што постои недостиг на храна, најверојатно овој проблем ќе се зголемува. Додавањето Bactoferm® за постојан квалитет, минимален отпад и зголемена безбедност на храната има смисла за општеството.