Кашкавал е вид на сирење што припаѓа на групата сирење “Паста Филата”. Ова се сирењата што се однесуваат на порастегливи сирења, кои се познати во Италија. Овој вид на сирење се направени со користење на специјална техника, при што сирењето е потопено во топла вода, потоа се замесува и се протега до саканата еластична конзистентност.
Типични сирења во оваа категорија се:
- Кашкавал
- Моцарела
- Пица сирење
- Проволон
- Скаморца
- Халуми
Стартер културите за производство на кашкавал од Chr. Hansen што ги нудиме се култури, наменети за директна инокулација (DVS®). DVS® е главната состојка со големо влијание врз придобивките и малку влијание врз трошоците.
Благодарение на употребата на директни стартер култури можете да добиете сирење со различни карактеристики како што се: поизразен или поблаг вкус, еластична, цврста или мека структура, со или без кора и црвена нијанса кога се печени. Стартер културите се исто така погодни за примена во било кој тип кашкавал – кравји, козји, овчи, мешан, со или без растителни масти.
Главните предности за користење на DVS® културите за производство на кашкавал се:
– Оптимизација на приносите со DVS®
– Минимизирање на ризикот и заштита од фаги
– Практичност во процесот и ниски трошоци при употреба
– DVS® има ниска цена во употреба во споредба со производствениот стартер.
– Задржување на познатиот вкус и текстура
– Помош за примена и технологија на производство на сирење, како и брз пристап до специјалисти со високи познавања кои се фокусирани на услужување на клиентите.
Стартер културите за кашкавал се продаваат за директна инокулација во преработено млеко – замрзнати како пелети или суво-замрзнати гранули.
За повеќе информации за производите од оваа категорија, ве молиме контактирајте го претставникот на Chr. Hansen во Македонија:
инж. Мери Илиеска, DKMEKA@chr-hansen.com
или нас:
office@vitastart.mk, тел.: +389 2 256 22 95