Сирила (Коагуланти) за сирење и кашкавал

Chr. Hansen е првата компанија во светот која во 1874 година понудила стандардизирано животинско сирило (коагулант) на пазарот. А век подоцна, во 1989 година, CHY-MAX® беше лансиран кој постави нови стандарди. Ова е првата генерација на химозин (FPC) произведен со ферментација. Дваесет години подоцна, во 2009 година, Chr. Hansen го лансираше CHY-MAX® M, поставувајќи го стандардот FPC на следното ниво.

Широк спектар на сирила (коагуланти

Производите на Chr. Hansen имаат за цел да ги задоволат барањата на пазарот на сите производители на сирење – мали и големи, традиционални и иновативни, локални и индустриски – низ целиот свет. Ние го доставуваме поширокиот спектар на сирила (коагулатни) на Chr. Hansen:  животински сирила, микробиолошки сирило и химозин произведен од ферментација (FPC). 

Сертифицирани производи 

Потребите на потрошувачите се секогаш важни за Chr. Hansen. Поради оваа причина, повеќето коагуланти произведени од ферментација се сертифицирани – Халал, Кошер и Вегетаријанско. 

CHY-MAX® M 

Оваа FPC од втората генерација е најконкретен коагулант. CHY-MAX® M има бројни придобивки, вклучувајќи зголемување на рандманот, намалување на дозата, подобрена стабилност на текстурата, можност за зголемување на рокот на траење, подобар вкус, намалена горчина, зголемена вредност на сурутка и многу повеќе. 

CHY-MAX®

Повеќето од сирењата низ светот се производени од првата генерација на FPC. CHY-MAX® обезбедува неколку придобивки вклучувајќи зголемување на рандманот, подобар вкус и подобрена вредност на сурутката споредено со микробиолошките коагуланти.

HANNILASE® 

HANNILASE® е микробилошки коагулант произведен од габата Rhizomucor miehei во термостабилни (L) и прочистени термо-лабилни (XP) верзии. Како коагулант со ниска цена, HANNILASE® е вистинскиот коагулант за органско сирење, домашно и не-индустриско производство на сирење.    

NATUREN® 

NATUREN е животински коагулант произведен од екстракт од стомакот на телиња и говеда. Naturen е особено соодветен коагулант за производство на традиционални сирења и сирења со Заштитена Ознака за Потекло (PDO).

Нудиме сирило наменето за употреба во мали фарми или домаќинства – Hansen Sticks, прашкасто сирило за употреба се до 50 л млеко.

За повеќе информации за производите од оваа категорија, ве молиме контактирајте го претставникот на Chr. Hansen во Македонија:

инж. Мери Илиеска, DKMEKA@chr-hansen.com

или нас:

office@vitastart.mk, tel.: +389 2 256 22 95   

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *