Нов иновативен коагулант кој овозможува раст на рандманот за 1%

Chr. Hansen го презентира CHY-MAX® Supreme – најпрецизниот и иновативен коагулант на пазарот со супериорни функционалности за модерните производители на сирење

Големи иновации во коагулантите се ретки но Chr. Hansen, светскиот лидер во производство на коагуланти, е посветен на постојан раст на индустрискиот стандард за перформанси.

“Ги разбираме предизвиците на модерните производители на сирење кои се под постојан притисок да добиваат максимална вредност од својот производ. Да се зголеми флексибилноста и да се задоволи побарувачката на потрошувачите за подобра функционалност и прикладна форма на сирење. За да ги задоволиме сите овие потреби, ние со воодушевување ви ја претставуваме најновата иновација на пазарот,” кажува Soeren Herskind, Потпретседател, Комерцијален Развој, Chr. Hansen.

CHY-MAX® Supreme е третата генерација од палетата на CHY-MAX®, ферментација добиена од химозин (FPC) и резултат од 5 години интензивно истражување. Им помага на проиводителите на сирење да достават поголем комерцијален поврат, нудејќи:

  • Поголем рандман

Произведува до 1% повеќе сирење преку водечкиот коагулант на пазарот без да го загрози квалитетот на сурутката

  • Побрзо и попрецизно производство

Процесира повеќе млеко и сирење за помалку време

  • Супериорна функционалност

Подобро сечење на сирењето со намален отпад и контролирано ниво на протеини со текот на времето

Мала промена – голема разлика

“Со мала но клучна промена на нашиот обновен CHY-MAX® ензим, ние правиме голема разлика преку производството на сирење и функционалноста. Се аплицира на типовите на сирење како Чедар, Континентално сирење и Паста Филата (Кашкавал, Моцарела),” објаснува Herskind.

“CHY-MAX® Supreme ја максимизира вредноста со дозволување на производителот на сирење да произведе значително повеќе сирење од истата количина на млеко. Раст од 1% на рандман од глобалното производство на сирење значи повеќе од 220 милиони кг повеќе сирење без додавање на повеќе млеко. Тоа е доволно да се задоволи годишно конзумирање на сирење за 15 милиони Американци!

Од каде доаѓа овој раст од 1%?

За да се развие CHY-MAX® Supreme, Chr. Hansen ја зголеми специфичноста од својот CHY-MAX® М ензим за попрецизно да го намали млечниот протеин.

“Со намалување на млечниот протеин, се создава мрежа од компонентите на млекото кои ги задржуваат маснотиите и притоа се осигурува тие да не исчезнат во сурутката”, кажува Herskind.

Па, зголемениот рандман доаѓа од оставање на повеќе маснотии во сирењето, но малку од тоа доаѓа од протеинот – затоа што протеинот не се сече на мали делови,” продолжува Herskind, нагласувајќи дека “Тоа е вистински рандман. Не е влага, ни вода, ни топол воздух.”

Исто така, придобивките од овој производ им овозможуваат на нашите клиенти да го намалат еколошкото влијание и да одат рака под рака со зголемениот фокус на одржливоста. Како такви, ова глобално претставување е добар пример од типот на софистицирани решенија кои Chr. Hansen неодамна обезбедија Признавање од Corporate Knights за компанија со највисока оценка за одржливост во светот”, кажува Herskind.

Лесен пристап до локалните експерти

Производителите на сирење добиваат многу повеќе од само одлични понуди за производи кога соработуваат со Chr. Hansen, чиј статус како лидер на пазарот е потврден со следното:

“Со експерти базирани во повеќе од 30 држави, ние сме подготвени да одиме на лице место и да осигураме дека нашите решенија функционираат оптимално во производите на нашите клиенти и производствени системи.  Дали тие сакаат да ги оптимизираат процесите, да развијат нови производи, или да го намалат нивното влијание врз животната средина, Chr. Hansen е широкорамен партнер со култури, ензими, дигитални алатки за мерење на коагулација. Како и со локални експерти за да им помогнат на нашите клиенти да ги претворат предизвиците во можности “, заклучува тој.

 

 

[1] www.chr-hansen.com

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *