Една од последните новини на Chr. Hansen им помага на производителите на сирење да произведат свежи и кремави бели сирења кои сепак го одржуваат посакуваниот вкус и текстура
Серијата DVS® SSC се најновите производи од палетата на производи за сирење на Chr. Hansen. Оваа серија производи се состои од четири култури и е креирана за да создаде сирење со свеж вкус и кремаво чувство при конзумирање.
Сирење со “инстаграм-изглед”
Во традиционалниот пазар на сирење, Милениалс (родени помеѓу 1980 и 2000) бараат сирење со посвеж вкус и попривлечен изглед. Можностите за извоз кон нови пазари исто така расте, што значи дека вкусот и текстурата на производот треба да бидат константни во подолгиот рок на траење.
Кремавото сирење нуди голема разновидност во визуелниот изглед и вкус. Тоа може да се добие кога стартер културите се комбинираат со култури на зреење.
“Потрошувачите се повеќе и повеќе се водат по визуелно привлечните производи. Со кремавото сирење, има и поголем потенцијал да се зголеми естетиката,” објаснува Jens Skytte Soerensen, Комерцијален Менаџер за развој на сирење во Chr. Hansen. “Со ова зголемување на интересот на потрошувачите, сега е вистинско време да се претстави производ како DVS® SSC. Од причина што им помага на производителите на сирење да произведат кремаво сирење што ги исполнува очекувањата на потрошувачите.”
Постојан квалитет и постојани перформанси
Во текот на првата фаза во производство на сирење, млечниот шеќер се ферментира во млечна киселина користејќи стартер култура. Тука производителите на сирење може да го користат DVS® SSC за да добијат производ кој ќе остане вкусен и свеж во текот на складирање. Ова е возможно поради внимателното селектирање на streptococcus thermophilus кои ја поддржуваат ниската деградација на млечни проитеини и маст.
Четирите култури кои припаѓаат во DVS® SSC серијата се внимателно одбрани и селектирани за да обезбедат постојан перформанс. Системот се состои од повеќе видови во секоја култура и четири култури за ротација. Односно култури кои обезбедуваат стабилен рН и силна фагова робусност.
Науката позади кремавото сирење
“Вкусната кремава текстура што потрошувачите ја сакаат се постигнува со уникатните својства на киселост и малото формирање на егзополисахариди,” објаснува Jens Skytte Soerensen. “Значи, науката, како и правилните луѓе го произведуваат идеалното кремаво сирење.”
1: Euromonitor (2018)
2: Mintel (2016)