Последното претставување на нови производи на Chr. Hansen обезбедуваат богат вкус, поголема флексибилност и постојан квалитет за производителот на сирење
DVS® WHITE FLORA е последниот производ од палетата производи за производство на сирење на Chr. Hansen. Новата серија на производи се состои од три култури кои помагаат во формирање на богати и ароматични вкусови во бело сирење. Тие исто така обезбедуваат постојан квалитет и стабилно производство на сирење.
Категорија на конкурентни сирења
Белото сирење е најбрзо растечката категорија во сирење. На глобално ниво достигнува просечен годишен раст од 5% и во развиените и во новите економии. Потрошувачите бараат нови вкусови и очекуваат привлечни форми на сирење. Како на пр. пресечени на парчиња, во коцки или парталаво сирење, за употреба во домашни услови или во прехранбената индустрија. За да бидат во тек со интензивната глобална конкуренција, производителите на бело сирење мораат постојано да ги подобруваат своите производи, во квалитет и во ефикасност во производството.
“Производителите на сирење се соочуваат со предизвикот да создадат привлечно сирење за да останат конкурентни на пазарот.” објаснува Jens Skytte Soerensen, Менаџер за Комерцијален Развој за бело сирење во Chr. Hansen. “Тие сакаат да ја зголемат нивната ефикасност како и рандманот на сирењето. Со DVS® WHITE FLORA, се обезбедува високо квалитетно сирење со прекрасен вкус. Во исто време, може да бидете пофлексибилни, затоа што овие стартер култури може да се користат и со обично млеко и млеко концентрирано со ултрафилтрација.”
Постојан квалитет и стабилно производство
Првиот чекор во производството на сирење е да се ферментира млечниот шеќер во млечна киселина со помош на стартер култура. Овде, производителите на сирење можат да имаат корист од DVS® WHITE FLORA, и да создадат комплексни ароми и да развијат убави вкусови во текот на ферментацијата. Бактериите кои се користат во овој систем на култури се посебно избрани од 30,000 бактерии за да обезбедат постојана изведба. Трите култури кои спаѓаат под серијата производи на DVS® WHITE FLORA ја добиваат истата високо контролирана киселост. Тие ја имаат истата толеранција на сол и температура исто така.
Барања за нов квалитет и бренд за производителите на бело саламурено сирење
DVS® WHITE FLORA е дел од широкиот спектар на култури и ензими на Chr. Hansen кои им помагаат на производителите на сирење да обезбедат различност на производите. Сите култри во склоп на овој спектар нудат различни ароми, различни нијанси во текстурата и се развиени специјално за бело сирење.
“Без разлика дали сакате вашиот производ да има поголема нијанса на путер, или јогурт или малку покисел вкус, или барате да го промените чувството на уста од вашето бело сирење, големиот избор на култури и ензими може да помогне,” објаснува Jens Skytte Soerensen. “Chr. Hansen им помага на производителите на сирење да достигнат нови нивоа на создавање производи уште од 1874 година. Сега производителите на сирење може да имаат корист од нашиот спектар на различни и ефективни системи на стартер култури. Притоа секоја од нив нуди различни и специфични бенефиции.”
[1] https://www.chr-hansen.com