Стартер културите за јогурт од Chr. Hansen, се стартер култури за директна инокулација (DVS®). Во споредба со културата за размножување, користењето на DVS културите имаат неколку главни предности:
Практичност и намалување на трошоците – нема потреба културата за размножување да се подготвува во производствениот објект. Културата може да се користи директно од замрзнувачот. Tака планирањето на производството е многу пофлексибилно.
Безбедност – недостаток на стартер значи ризик на инфекција од фаги, што може да доведе до застој во ферментацијата, низок квалитет и / или укинат производи.
Постојаност – при користење на културата за размножување може да се појави несакана и неконтролирана промена во соодносот меѓу сериите, додека пак, кај DVS стартер култури односот е контролиран и постојан.
Флексибилност – DVS културите може да се користат во различни комбинации со цел да се произведат различни ферментирани млечни производи.
Нови и интересни култури – DVS овозможува да се создадат култури со различни односи помеѓу сериите, при што се рефлектира во широкото портфолио на DVS културите.
Ние нудиме широк спектар на култури за производство на јогурт – кравјо, козјо, овчо, јогурт од бивол и јогурт со растително потекло. Различните серии на стартер култури што ги нудиме, овозможуваат различна вискозност на јогуртот што треба да се произведе – од ниска до екстремно висока. Културите нудат различни вкусови – од многу нежен до силен вкус на јогурт.
DVS ® културите може да се користат за производство на разни производи од јогурт. Kако што се кисело млеко, густ јогурт, течен јогурт, разредени пијалоци од млечна киселина, замрзнат јогурт. Стартер културите за јогурт се продаваат за директна инокулација во преработено млеко – замрзнати како пелети или замрзнато суви гранули.
За повеќе информации за производите од оваа категорија, можете да контактирате нас: office@vitastart.mk, tel.: +389 2 256 22 95