Важната улога на добрите бактерии во нашиот микробиом

Важната улога на добрите бактерии во нашиот микробиом

Што е човечкиот микробиом?

Микробиом е екосистем од бактерии и други микроби кои живеат на нас и во нас и помагаат да се одржува нашето здравје. Има преку 38 милијарди такви микроби и многу од нив се бактерии, што значи дека има толку бактерии во нашето тело како и човечќи ќелии. “Микробиомот е нашиот микробиолошки идентитет и е од клучна вредност за да го одржува нашето здравје во добра состојба”, објаснува Adam Baker, директор на науки во Chr. Hansen.

Микробиомот расте и се развива исто како нас. Од детство до позрели години и во критичните стази на животот како раѓањето и првите 1000 денови1 , бактериите во нас играат различни но клучни улоги што го поддржуваат нашето здравје. 2. Според Adam Baker, “Сите имаат свој сопствен бактериолошки профил, така што сите ние имаме свој уникатен микробиом. Посебно е важно кога бактериите се балансирани, тие живеат во хармонија со нас и ни помагаат да се одржува нашето здравје.”

Промените на начинот на живот може да влијаат врз нашиот микробиом

Многу фактори на начинот на живот, како стресот и антибиотиците, може да ја вознемират балансираноста и различноста на нашиот микробиом. Ова може да влијае врз нашето здравје. “Бидејќи сакаме да се одржува оваа балансирана бактериска различност, ние можеме да користиме пробиотици за ова. Во Chr. Hansen, знаеме како тоа да го направиме. Имаме повеќе од 100 години искуство во работата и развојот на пробиотски видови, таканаречени “добри” бактерии. Пробиотските видови што ги развиваме во Chr. Hansen се поддржани од силна наука и голема документација кој покажува како овие видови работат, “ објаснува Adam.

Каде се наоѓаат овие добри бактерии во нашето тело?

Бактериите живеат во нас и на нас. Сите површини на телото и внатрешни шуплини како устата, гастроинтестиналниот тракт и кожата се густо населени со микроорганизми. Преку 90% од овие бактерии се наоѓаат во нашите црева и го сочинуваат најголемиот микробиом во нашето тело. “Некои од нив се познати и здрави бактериски видови вклучувајќи ги Lactobacillus и Bifidobacteria. “Некои од овие бактерии кои ги користиме како пробиотици помагаат да се одржи човечкото здравје,” објаснува Adam Baker.

Зголемен интерес за микробиоми и пробиотици

Поради COVID-19 пандемијата, забележавме дека луѓето покажуваат голем интерес во наоѓање начини како да го зајакнат нивниот имунитет. “Разбирајќи и студирајќи ја науката позади ова е фасцинантна, и е фасцинантно време да се направи истото, “ забележува Adam, кој исто така објаснува дека “Во Chr. Hansen сме многу фокусирани на развојот на пробиотските видови како и демонстрирајќи ја нивната работа. Ние не продаваме само одредени работи под одредени имиња – влијанието мора да биде поддржано од науката. Ова ќе им овозможи на потрошувачите да веруваат и да имаат корист од вистинските пробиотици. Во иднина, ова може да води до нивна терапевтска употреба.”

Како заклучок, она на што ние во Chr. Hansen се фокусираме е да разбереме подобро како живее екосистем со бактерии и како тие влијаат врз нашето здравје на различните стази од животот, да најдеме начини да ја вратиме рамнотежата и да ги одржуваме бактериите кои го сочинуваат овој микробиом.

 

 

Извори:
1 Ruairi C. Robertson, Amee R. Manges, B. Brett Finlay, Andrew J. Prendergast, The Human Microbiome and Child Growth – First 1000 Days and Beyond, Trends in Microbiology, Volume 27, Issue 2, 2019, Pages 131- 147
2 L Putignani Front. Cell. Infect. Microbiol., 23 November 2012, Human gut microbiota: onset and shaping through life stages and perturbations, Lorenza Putignani *

 

 

Оставете коментар

Your email address will not be published.