Viniflora®
Палетата Viniflora® ви овозможува да произведувате вина со ниска содржина или пак без SO2, притоа без да се загрози квалитетот и со многу помала несакана испарлива киселост. Избраните квасци и бактерии од палетата на Chr. Hansen ќе ви овозможат да одговорите на побарувачката на потрошувачите за повеќе природни вина и на светските трендови со помалку хемикалии/конзерванси. Viniflora® им олеснува на винарите да произведат воедначено квалитетно вино, бренд за уживање, со природни заштитни култури.

Енолошки бактерии
Chr.Hansen им овозможува на винарите да ја контролираат малолактичната ферментација преку низа висококвалитетни бактериски производи подготвени за директна инокулација: “DVS®“ технологија. Различните соеви Viniflora® можат да покријат голем спектар на апликации на вино: од тешки основи за пенливи вина кои доаѓаат од свежи или ладни области до вина со висока содржина на алкохол произведени во екстремно топли области. Откријте како решенијата Viniflora® можат да помогнат во правењето вино по ваш вкус, овозможувајќи биозаштита на ширата, виното и вашиот бренд со природни микробиолошки решенија.

Специјални квасци
Chr. Hansen предлага ексклузивен асортиман на специјални квасци познати како производи „non-Saccharomyces“ за одбрани гроздови сокови, шира или вина од различни вински региони низ светот. Специјалните квасци Viniflora® можат да помогнат во биозаштита на вашата шира, да ги претворат прекурсорите на вкусот, да ја зголемат комплексноста и елеганцијата. Винарите кои сакаат да бидат поблиску до карактерот на дива алкохолна ферментација сега можат да ги откријат новите можности на квасецот и да направат вина кои го имаат овој карактеристичен природен, див вкус.
Хранливи материи за бактерии
Лидерството на Chr. Hansen во производството на култури и неговата експертиза во следењето и управувањето со ферментацијата на виното ни помогнаа да дефинираме и дизајнираме добро избалансирана хранлива материја, идеална за енолошки бактерии во тешки услови за производство на вино: BACTIV-AID™. Посветениот вински тим на Chr. Hansen со гордост го претставува BACTIV-AID™ 2.0: веројатно најдобрата хранлива материја за бактерии достапна денес!