Sweety® Y-1, најновата иновација од Chr. Hansen, избрана за најдобра млечна состојка во светот

За време на 13-от Global Dairy Congress во Лисабон, Португалија, Chr. Hansen се здоби со светско признание со добивањето награда за најдобра млечна состојка во светот за новата култура за ферментирани млечни производи како јогурт, кварк или ферментирано млеко: Sweety® Y-1

Награда од World Dairy Innovation Awards е најпрестижно признание за иновација и врвни достигнувања во интернационалната млечна индустрија. Наградите се организирани во соработка со FoodBev Media. Оваа година комисијата разгледа 167 учесници од преку 19 држави во 22 категории. При доделување на наградата за најдобра млечна состојка, комисијата кажа: “Стартер културата Sweety® Y-1 е револуционерна иновација, користејќи култури за намалување на шеќери. Решението е уникатен начин за давање придобивки што имаат силна побарувачка од потрошувачите и широка примена во категоријата на производи. Ова е голема можност да се создаде јогурт со малку шеќер и одличен вкус!”.

Ние сме исклучително горди и возбудени за ова достигнување. Кога го лансиравме Sweety® Y-1, беше многу добро прифатен од страна на клиентите во сите региони и сите беа заинтересирани за ова решение.” Знаевме дека Sweety® Y-1 е иновативна култура, а сега знаеме дека е најиновативната млечна состојка во светот, кажува Jessica Bentley, Commercial development manager, Fresh Dairy.

Културата на Chr. Hansen Sweety® Y-1 е првата култура во светот што им дава на производителите природно решение создадено да ги поддржи во креирање поблаги производи, притоа да се намали количината на додадени шеќери.

Иако шеќерот е додаден во помала количина, добриот вкус на производот не е загрозен. За производителите, ова значи дека тие може да додадат помалку шеќер а сепак да ја задржат слатката сензација во производот, со што се добива поздрава верзија на истиот производ. Оваа иновација одговара на моменталните светски трендови и побарувања на потрошувачите за поздрава и природна храна.

Позади секој наш производ лежи нашата посветеност за подобрување на исхраната и здравјето не само за нашата генерација, туку и за сите следни генерации што доаѓаат. За да успееме да го постигнеме ова, ние активно придонесуваме за глобалните цели на  ОН, вклучувајќи ја и целта бр.3: Добро здравје и благосостојба. Во нашето палета на производи, Sweety® Y-1 е иновативно и природно решение што ја поддржува оваа цел со користење на изворите од природата да создаде ферментирани млечни производи со одличен вкус и помалку шеќер истовремено промовирајќи здрав начин на живот.

 

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *