Novonesis – водечки глобален партнер за биорешенија

Novonesis – водечки глобален партнер за биорешенија

На 12 декември 2022 година, Novozymes и Chr. Hansen склучија Договор за создавање глобален партнер за биорешенија преку спојување на овие две компании. Процесот на соединување на  Novozymes и Chr. Hansen е успешно завршен, основајќи ја компанијата Novonesis.

Novonesis е водечки светски партнер за биорешенија за подобар бизнис, поздрав живот и поздрава планета. Комбинираната компанија обединува околу 10.000 талентирани вработени ширум светот и експертиза која опфаќа повеќе од 30 различни индустрии.

Користејќи ја моќта на микробиологијата со науката, Novonesis го трансформира сегашниот начин на кој светот произведува, троши и живее. Половина од неговото портфолио е фокусирано на овозможување поздрав живот и производство на подобра храна. Другата половина е насочена кон намалување на употребата на хемикалии и кон климатски неутрални практики.

„Успешно ги комбиниравме Novozymes и Chr. Hansen и денес се здружуваме како еден водечки глобален партнер за биорешенија. Novonesis ги комбинира нашите заеднички сили и чудата на биологијата. Ќе иновираме и развиваме трансформативни биорешенија кои го подобруваат начинот на кој сите ние произведуваме, трошиме и живееме. И ги собравме најбистрите умови и заедно со моите 10.000 колеги ќе го отклучиме неограничениот потенцијал на биорешенијата“, вели Естер Бајге, претседател и извршен директор на Novonesis.

Името „Novonesis“

„Gensis“ е грчки збор кој означува „потекло“ или „почеток“. „Novo“ значи ново. Novonesis значи „Нов почеток“

Ерата на биорешенија

Ензимите и бактериите овозможуваат промени кај сите живи суштества со милијарди години. Тие Ви помагаат да добиете повеќе од помалку и да ги направите Вашите процеси поодржливи и поефикасни. Тие овозможуваат одличен вкус, текстура и изглед со поедноставни, пократки етикети. Тие може да го продолжат рокот на траење, да ги подобрат нутритивните профили и да дадат нови здравствени придобивки од прехранбените производи. Тие исто така отклучуваат нови, поодржливи извори на протеини. A ова е само почеток.

Низ целиот свет, нашите биорешенија веќе создаваат вредност за илјадници клиенти и имаат корист за планетата. Преку блиска соработка со нашите партнери и клиенти, ќе продолжиме да го трансформираме бизнисот со биологија. Заедно ќе ја создадеме промената што му треба на нашиот свет.

Да го подобриме нашиот свет со биологија.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *