CP Kelco и Chr. Hansen развиваат растителен “вегурт”

CP Kelco и Chr. Hansen развиваат растителен “вегурт”

Барањата на потрошувачите за здрав и поодржлив избор на храна предизвика експлозија кај ферментираните производи од растително потекло. Производителите и трговците на мало ги препознаа предностите кај квалитетните ферментирани производи од растително потекло, како што е намалување отпадот од храна и распространетост во светски рамки.

За потрошувачите, стабилните производи нудат повеќе поволности. Сепак, за да ја прифатат редовната потрошувачка, потрошувачите не се подготвени да прават компромиси за вкусот, исхраната и „природноста“ на производите од растително потекло.

Здружени сили

 CP Kelco и Chr. Hansen нудат соработка која комбинира водечка експертиза и решенија на повисоко ниво за  производство на јогурти од растително потекло („вегурти“) погодни за потрошувачите. „Оваа соработка претставува нов начин да им помогнеме на нашите клиенти да го забрзаат развојот на нивниот производ, како и пристап до техничката поддршка за апликации на глобално ниво“, рече Ен Синха, маркетинг директор во CP Kelco, во име на двете компании.

CP Kelco и Chr. Hansen преку интензивна соработка покажаа дека производството на нутритивни и вкусни, алтернативи на јогурт од растително потекло е можно за различни видови растителни основи. Резултатот од оваа соработка вклучува индустриски потврдени прототипови на питки и вкусни вегурти, на база на овес, соја, грашок, кокос или бадем.

„Технолошкиот предизвик да се произведуваат питки и вкусни вегурти со одлична нутритивна вредност и текстура е од големо значење“, изјави Кристијан Гилеладен, Главен научник за апликација во Chr. Hansen. „Изборот на вистинската култура за  ферментација, постигнување одлична текстура, вкус и стабилен производ е од клучно значење при производство на одлични производи. Работејќи заедно, успеавме да ја откриеме синергијата помеѓу состојките и процесот за да добиеме производи со различни густини и вкусови “.

 Прилагодени рецепти за вегурт

Преку соработката на овие две фирми се овозможува да се прилагодуваат прототипните рецепти за вегурт, со цел исполнување на  специфичните барања за шеќер, протеини, масти, текстура и вкус, благодарение на сеопфатната експертиза во процесите на ферментација, стабилизација, вкус, преработка и пакување.

 „Формулирањето вегурти од растително потекло не е едноставно, и ние сакаме да им помогнеме на нашите клиенти да бидат најдобри во класата нудејќи ја нашата заедничка техничка експертиза“, изјави Тора Јорн, менаџер за технички услуги за продажба во CP Kelco. „Заедно, со нетрпение очекуваме да ја споделиме оваа можност за поддршка и помош при развој на вкусовите, текстурите и нутритивните профили кон кои се насочени нашите клиенти.“

 На производителите на храна им се достапни низа прототипови на вегурти за дегустација. Испробајте ги нашите прототипови и соработувајте со нас за да го создадете вашиот фантастичен вегурт.