CHY-MAX® M – подобро сирење за пониска цена

 

Долга историја  иновации кај сирилата не’ одликува како глобална компанија.  Во 1989 е иновиран  CHY-MAX®,  првата генерација сирила добиени со ферментација.  Овие сирила се се високо прочистен химозин произведен со ферментација. CHY-MAX® понуди повеќе предности во споредба  со постоечките анимални и микробни сирила.

Денес,  го претставуваме  CHY-MAX® M – втората генерација химозин добиен со ферментација. CHY-MAX® M  во однос на останатите сирила  нуди подобра коагулација, намалена протеолитичка активност, зголемувајќи го квалитетот на производството на сирењата.

CHY-MAX® M е многу специфичен при сечење на k-казеинот, со минимално откинување на останатите протеини во казеинската мицела. Оваа висока специфичност овозможува неколку предности и карактеристики во производството на сирење  – т.е.  зголемен рандман, намалено нагорчување  и можност за намалување на содржината на сол.

CHYMAX® M  нуди повеќе предности при пласманот на сирењата

Подобрена текстура

CHY-MAX® M овозможува  структурата на сирењата да не омекнува со брзина како кај традиционалните сирила. Тоа се должи на  многу ниската протеолитичка активност.

Подобрено рендање и сечење

Подобрената текстура кај сирењата води кон намалена лепливост, овозможувајќи полесно сечење и рендање.  

Подобрен вкус

Високата специфичност на CHY-MAX® M резултира во блага и заокружена арома кај сирењата како и намалено нагорчување.

Подобар рок на траење

Со употреба на CHY-MAX® M кај свежите сирења  (моцарела, брие, крешценза) значително се продолжува  рокот на траење.  На овој начин се намалува повратот од супермаркетот и млекарата.

Подобра контрола над процесот

CHY-MAX® M  споредено со останатите сирила е најмалку  зависен од pH, температурата и варијациите во квалитетот на млекото.

Зголемена вредност на сурутката

При употреба на  CHY-MAX® M се намалува сечењето на суруткините протеини со што се намалува количината на непожелни казеински фракции во сурутката. На тој начин се добива почиста и поквалитетна  сурутка.

Подобар рандман

CHY-MAX® M го зголемува рандманот најмалку  0.5% во однос на R. miehei и 0.2% во однос на химозинските сирила од првата генерација добиени со ферментација. Употребувајќи CHY-MAX® M во комбинација со YieldMAX® се зголемува задржувањето на масти и зголемува рандманот кај сирењата за пица.

Намалено дозирање

Се намалува  дозирањето на CHY-MAX® M  до 40% во однос на  R. miehei  и 25% во однос на првата генерација химозин добиен со ферментациј. Ова се должи на  високата специфичност на  CHY-MAX® M.  На овој начин ценовно се намалува  учеството на сирилото во сирењето.

* CHY-MAX® M е Кошер и Халал сертифициран. Подобен е за вегетарјанци.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *