Chr. Hansen постигна научен успех во биозаштитата на млечните производи

Главниот механизам што лежи позади биозаштитниот ефект на млечно-киселите бактерии против мувли и квасци во млечните производи е откриен за прв пат: се работи за конкуренција за една специфична хранлива материја (манган).

Желбата на потрошувачите за здрава и свежа храна без додадени вештачки конзеранси ја зголемува потребата за природни решенија. Млечно-киселите бактерии се познати за нивните биозаштитни својства против расипување на храна. Тие се и се природна алтернатива за да задржи храната свежа за подолго време.

Додека последните години, популарноста на стартер културите стабилно растеше, кои помогнaа да се подобри квaлитетот и рокот на траење на производите, научниците од Chr. Hansen се првите кои го открија механизмот кој може да го објасни главниот дел од инхибиторниот ефект против мувлите и квасците што предзвикуваат расипување. Откритијата за начинот на дејствување се документирани во нова научна статија1, вклучена во престижниот Applied and Environmental Microbiology Journal.

Конкуренција за специфична хранлива материја

“Она што го откривме и докажавме е способноста на нашата добра бактерија во FreshQ® културите да ја апсорбира хранливата материја од ферментираното млеко каде што мувлите и квасците треба да расат. Хранливата материја е наречена манган. Преку ‘носител’ на бактериските видови, хранливата материја е отстранета од матрицата за храна, спречувајќи ги несаканите загадувачи да се хранат од нејзе.”  Објаснува Rute Neves, Директор за Бактериска Физиологија, Истражување и Развој, Chr. Hansen и Вонреден Професор во DTU (Технички Универзитет на Данска), Биоинженеринг.

Истражувањето започна во истражувачките центри на Chr. Hansen, каде научниците го открија носителот на бактериските видови што го апсорбира манганот во специфична млечна хранлива матрица. Механизмот што беше демонстриран е во соработка со Државниот Универзитет на Северна Каролина (North Carolina State University) во САД.

Што е FreshQ®?

FreshQ® биозаштитните стартер култури се млечно кисели бактерии од Chr. Hansen кои се специјално одбрани поради нивните својства да ги заштитат млечните производи од расипување предизвикано од мувли и квасци. Тие нудат природно решение базирано на принципите на традиционалната ферментација. Можат да им помогнат на млечните призводи како јогурт, павлака и бело саламурено сирење да останат свежи за подолго време. Исто така им помага на производителите на млечни производи низ светот да го намалат отпадот од храна. Да го подобрат и квалитетот на производите при исполнување на побарувачката на потрошувачите за храна со помалку вештачки состојки.

 

1 Study: Competitive Exclusion Is a Major Bioprotective Mechanism of Lactobacilli against Fungal Spoilage in Fermented Milk Products

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *