Chr.Hansen ranked as the most sustainable company in the world

[cmsmasters_row][cmsmasters_column data_width=”1/1″][cmsmasters_text]

Компанијата е рангирана на прво место меѓу 100-те најодржливи компании, дел од глобалниот индекс за 2019 година, како што беше најавено на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија

Еден месец пред официјалната 145-та годишнина, меѓународната биотехнолошка компанија Chr. Hansen е рангирана како најодржливата компанија во светот од Corporate Knights – специјализирана медиумска и истражувачка компанија, лоцирана во Торонто.

Ова беше најавено во Давос, Швајцарија, на 22 јануари 2019 година, по објавувањето на 15-тото годишно рангирање на Corporate Knights за 100-те најоддржливи компании во светот. Повеќе од 7.500 компании во меѓународната индустрија се анализираат и споредуваат врз основа на голем број квантитативни клучни показатели за успешност. Chr. Hansen достигнува 100% од показателот “нето приход”, кој одразува дека производите на компанијата имаат јасни, безбедни еколошки и социјални бенефиции како што е дефинирано од Corporate Knights.

Моќта на добрата бактерија

“Ние сме исклучително горди и во исто време скромни да ја примиме оваа неверојатна чест. Верувам дека една од причините за тоа Chr. Hansen да е рангиран како # 1 е затоа што светот почнува да ја разбира моќта на добрите бактерии и влијанието што тие можат да го имаат на некои од главните предизвици со кои се соочува светот. Тоа се исфрлањето на храна, прекумерна употреба на антибиотици и потребата за поодржлив земјоделски сектор за да ја нахрани растечката светска популација, додека успева да ја задржи нашата планета за идните генерации “, рече извршниот директор Mauricio Graber.

“Chr. Hansen е посветен на претставување на природни решенија за поширока употреба и навистина е горд на нашите производи кои се консумираат од над 1 милијарда луѓе секој ден. Имајќи глобален дострел како ова е навистина голема одговорност, како и можност да се направи позитивна разлика за луѓето, животните и растенијата. Среќни сме што имаме клиенти од целиот свет кои се со нас на ова патување – решени да поттикнеме користење на одржливи и природни производи до крајниот корисник “, објаснува Graber.

“Ние, меѓу другото, сме признати и за нашите напори за мерење на нашето влијание врз глобалните цели на ООН; 82% од нашите приходи директно ги поддржуваат овие цели, а PWC ја разгледа нашата методологија за да го документира ова. “

Одржливост – составен дел на бизнисот

Chr. Hansen обезбедува природни состојки за прехранбената индустрија од 1874 година. Разбирањето и почитувањето на ограничените ресурси на природата отсекогаш било составен дел на ДНК-то на компанијата.

Денес одржливоста останува во срцето на Chr. Hansen, кој се рефлектира во корпоративната стратегија од 2022: ” Nature’s No. 1 – Sustainably “. Стратегијата се фокусира на развој на природни решенија за глобалната храна, фармацевтската и земјоделската индустрија на одржлив начин.
Целите на ОН се користат како рамка за поврзување на влијанието на корпоративната стратегија кон одржливиот развој и резултатите се мерат и се објавуваат на годишна основа.

“Работењето за подобар свет е длабоко вградена во нашето портфолио на производи и организациска култура. Како компанија, ова ни дава многу јасна цел која е тесно поврзана со одржливоста и со која нашите вработени се целосно идентификувани. Тие се горди да работат секојдневно за значителна причина и да придонесат за повисока цел “, нагласува Mauricio Graber.

“Сепак, ние се уште сме далеку од нашата крајна цел. Сеуште имаме многу да направиме на патот кон одржливост и постојаност, но искрено се надеваме дека можеме да ја искористиме оваа голема награда за да ја подигнеме свеста за силата и потенцијалот на добрите бактерии како дел од одржливото решение за предизвиците со кои се соочува нашата планета ” , заклучува тој.

 

Дали знаевте дека …?          

  • Chr. Хансен првпат ја објави својата посветеност за одржливост во 1949 година.
  • Добрите бактерии можат да го намалат отпадот од храна со тоа што свежите производи траат подолго – природно.
  • Добрите бактерии се исто толку ефикасни како хемиски пестициди за голем број на култури кога станува збор за заштита од нив.
  • Добрата бактерија додадена ва храна може да помогне да се намали употребата на антибиотици во синџирот на исхрана.
  • Пробиотик значи “за живот”. Истражувањата покажуваат дека пробиотиците можат да имаат корисни ефекти врз гастроинтестиналната и имунолошката функција кај луѓето.

Веројатно сте вкусиле залак на Chr. Hansen ова утро. Ние сме во секое второ сирење и јогурт во светот! 

 

За Corporate Knights

Corporate Knights Inc. вклучува списание за одржлив бизнис Corporate Knights и Одделот за истражување, кој развива рејтинзи и рејтинзи за финансиски производи базирани на корпоративна одржливост.

За 100 најодржливи компании во светот:

Global 100 е годишен проект инициран од Corporate Knights, компанија за чист капитализам. Global 100 започна во 2005 година и се објавува секоја година на Светскиот економски форум во Давос.

 

 

[1] Chr. Hansen

[/cmsmasters_text][/cmsmasters_column][/cmsmasters_row]

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *