Подобрувачи на аеробната стабилност

Подобрувачи на аеробната стабилност

Хетероферментативните инокуланти се користат за одржување на силажата стабилна долго време по отворањето

Пазарен предизвик

Процесот на силажирање не се однесува само на брзиот пад на pH вредноста, што ги спречува несаканите микроби да растат и да напредуваат, туку и да се спречи расипување на силажата по отворањето. Еден од најголемите предизвици во правењето силажа е аеробната стабилност, особено кога станува збор за силажирање на култури со висока содржина на шеќер, како пченка или разни мешавини од трева.

Процесот на аеробна стабилност започнува кога бактериите на млечна киселина од инокулантот почнуваат да произведуваат млечна киселина, намалувајќи ја pH вредноста за да го спречи развојот на несакана микрофлора. Уште поважно е силажата да се одржува стабилна по отворањето на бункерот кога е изложена на кислород.

Постојат различни групи на микроорганизми кои се натпреваруваат за хранливи материи кои или ја насочуваат ферментацијата кон контролиран процес кој ја стабилизира хранливата вредност на силажата, или кон неконтролиран процес кадешто микроорганизмите произведуваат несакани крајни производи на ферментација.
Доколку во финалниот производ преовладуваат мувлите и квасецот – хранливата вредност на силажата е многу мала.


Решение на Chr. Hansen

Овие силажни инокуланти придонесуваат за контролиран процес на ферментација кој ја одржува хранливата вредност дури и ако сточната храна е изложена на кислород.

Придобивки од подобрувањето на аеробната стабилност

Хетероферментативните инокуланти кои се користат за производство на силажа ја зголемуваат издржливоста дури и по отворањето на силосот.
Хетероферментативните бактерии на млечната киселина се ефикасни во сузбивање на несаканите микроорганизми како што се квасецот и мувлата, и поради оваа причина се познати и како подобрувачи на аеробната стабилност.

• Исхрана со силажа кога е потребно
• Спречување на расипување на горниот слој
• Одржување на постојан квалитет на силажата    

Извор: Chr. Hansen




Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.