Млечни производи без лактоза

Млечни производи без лактоза

Решение за задоволување на потребите на над 70% од светската популација

Околу 70% од светската популација се лактоза нетолерантни. Лактозата е шеќер кој природно е присутен во млекото. Доенчињата се раѓаат со способност да произведуваат ензим лактаза, но како што старееме, производството на лактаза се намалува или згаснува. Доколку лактазата не е присутна во организмот, користењето млечни производи резултира со симптоми како надуеност, грчеви, дијареа и надуеност.

Се повеќе потрошувачи се ориентираат кон млечните производи како важен извор на протеини и хранливи материи. Тие користат млечни производи во неколку различни периоди од денот. Поради зголемениот дневен внес на млечни производи, клучно е да има производи без лактоза, за да потрошувачите може да ги искористат придобивките од млечните производи, а притоа да немаат непријатности од лактозата присутна во млечните производи.

Решенија од Chr. Hansen:

HA-LACTASE™, класична лактаза од квасец – идеално решение за развој на вкусни и здрави производи без лактоза.

NOLA® Fit lactase – ефикасен начин да се добијат безлактозни млечни производи, но  и да се намали додадениот шеќер не само во млечните напитоци туку и во овошните јогурти и десерти.

„Без-лактозно“ е категорија која значително расте, со бројни лансирања на нови производи низ целиот свет.  Главниот фокус е на млекото и јогуртот, но тој брзо се проширува и на други млечни производи како што се крем сирење, павлака и млеко во прав. Потрошувачите на безлактозни производи се лојални и спремни да платат премиум цена – во некои случаи, двојно повеќе.

Поради овие факти логично е да се развиваат безлактозни производи. Со помош на врвните производи од Chr. Hansen и апликациска поддршка изгледа дека може без мака да дојдат на свет безлактозните млечни производи. 

Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.