Што сакаат Милениалс (Millenials)?

 

Демографската популациска група наречена Милениалс (родени помеѓу 1980 и 2000) е идниот глобален двигател на потрошувачките трендови. „Милениалс покажуваат особена склоност кон смел, самоуверен и индивидуален избор, без разлика дали купуваат кола или облека” – велат од Packaged Facts. Но, како производителот на храна, супермаркетите и рестораните да се вклопат во нивниот избор?

Во најновиот извештај од Packaged Facts, Millennial Menus: Culinary Trend Tracking Series , се истражуваат пет прехрамбени движења , кои влијаат на култивирањето на Милениалс како кулинарски потрошувачи, фокусирајќи се на:

ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА:

Денешните Милениалс потрошувачи, глобално а и лично сакаат храна која е свежа, креативна и направена само за нив, велат од Packaged Facts.

“На овој начин влегува трендот кон персонализација и е најбрзо растечки во брзиот секојдневен сегмент. Зборуваме за Милениалс како менувачи на играта, преку дефиниција за персонализирана храна спремна за да се нарача. Персонализираната храна служи и како компас за рестораните, каде храната зборува сама за себе, со целосна единственост.

“Повеќе од една третина од Милениалс нарачуваат различно секој пат кога посетуваат ресторан. Како на подобар начин да ги привлечете во ресторан отколку да им понудите  mix-and-match оброк каде во секој нов оброк самите може да внесат нешто поразлично?”

КОМПИЛАЦИИ:

Милениалс бараат возбудливи храни,” велат од Packaged Facts. “Тие се целната група за супермаркетите и брендовите, бидејќи каде што одат Милениалс, останатиот дел од светот ги следи. И ништо друго вистински не ги соединува како возбудливите компилации.

ГРИЦКИ:

Заборавете ги трите оброци на ден, велат Packaged Facts. “Милениалс го преобликуваат Американскиот начин на исхрана, секогаш спремни за повеќе оброци дневно. 35% од Милениалс имаат повеќе оброци дневно како замена за главните оброци. Притоа, храната  се очекува да е здрава, вкусни и лесни за транспорт. “Пазарот за грицки дава лимитирана можност за експанзија. Тука се вклучени крекерите од цело зрно пакувани со растителни намази, колачиња на база на штурци, супа-оброк.”

ЗДЕЛИЧКИ:

Зделичките многу брзо стануваат најбараниот сад за се’ од ориз, нудли и салата до киноа и акаи. “Без разлика дали состојките се персонализирани или претходно спремени, зделичките овозможуваат креативно изразување во изборот на храна и многу место за здрави состојки. И сето тоа спакувано во фамилијарен формат.

И за вечерите кои продолжуваат да личат на персонализирани оброци, трендовите “наполни своја зделичка“ нуди атрактивни алтернатива во “состави сам“ формат.

Понудите за доручек и ручек/вечера во здела стануваат постепено фамилијарен дел од пејсажот во рестораните, а зделите со снек и десерти се спремни да изумрат.”

КОКТЕЛИ И ДИГЕСТИВИ:

“Потрошувачите се повеќе се заинтересирани за пробиотици, тревки и дигестиви. Потоа пазарот на пијалоци, миксови и ароматични додатоци започна да живее нов живот.

На пример, потрошувачите кои бараат поздрава алтернатива на зашеќерените газирани пијалоци овие пијалоци забележуваат пад во продажбата го поттикна ентузијазмот помеѓу Миленијалс за пиење комбуха, традиционални тоници, cider, лансирајќи група на пијалоци која бележи зголемување за да се вклопи во барањата на потрошувачите.

Извор: Food Navigator

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *