Чаша вкусно хранливо млеко без остатоци од антибиотици

Чаша вкусно хранливо млеко без остатоци од антибиотици


Подобрете ја безбедноста на храната со подобрени тестови за антибиотици од Chr.Hansen, MilkSafe FAST (брзи, прецизени, едноставни и следливи), дизајниран за мобилност, поврзување и доверливост.

 Отпорноста на антибиотици денес претставува една од најголемите закани за глобалното здравје и безбедноста на храната. Тестирањето на остатоци од антибиотици во млечните производи е најважно за да се осигура безбеден и неконтаминиран краен производ. За да се осигура безбедност на храната и заштита на потрошувачите, неколку регулаторни органи ширум светот, вклучувајќи ги EFSA, FDA и Codex Alimentarius, воспоставија нивоа на толеранција на остатоци од антибиотици (Maximum Residual Limit, MRL) во млекото и другите прехранбени производи. Додека притисокот доаѓа од потрошувачите и регулаторите да го заштитат здравјето на луѓето и животните, производителите исто така имаат корист од елиминирање на остатоците од антибиотици во суровото млеко врз основа на неговото негативно влијание врз ефикасноста на производството.

MilkSafe™ FAST обезбедува едностепени касетни тестови за контрола на сурово млеко за присуство на остатоци од антибиотици на лесен и брз начин во секоја фаза од синџирот на вредност на млечните производи; на фарма, во цистерна, при прием во млекара или во лабораторија за млечни производи. Новиот асортиман на комплети брзи тестови за антибиотици е дизајниран во тесна соработка со нашите клиенти за да се добие најприфатлив дизајн и робусни перформанси. Во комбинација со нашиот комерцијален дигитален пакет (Web Service MilkSafe™) клиентите можат да воспостават транспарентност и следливост на резултатите од нивните тестови, истовремено обезбедувајќи гаранција за квалитет во реално време.

Сите тестови MilKSafe™ се надворешно потврдени од ILVO или од локалните тела за валидација за нивна употреба во примероци од кравјо млеко, фарма или цистерна:

• На фарма: со употреба на MilkSafe™ 2-канални инкубатори, фармерите можат да ги инкубираат своите тестови на саканата температура и визуелно да ги читаат резултатите од тестот, со што ќе се осигураат дека произведеното млеко нема остатоци од антибиотици.

• Во цистерна: со MilkSafe™ Truck Reader (incubator-cum-reader) и MilkSafe™ апликацијата им овозможуваат на возачите да го тестираат млекото на присуство на остатоци од антибиотици на фармата додека го собираат млекото, на многу поедноставен начин, додека системот за управување со податоци складирани во облак им овозможува на млекарите да имаат глобален преглед во реално време на млекото кое треба да пристигне.

• Во лабораторија: MilkSafe™ Desktop Reader Connect е читач со инкубатор или во комбинација со 6-канални MilkSafe™ инкубатори му овозможува на приемот на млеко или лабораторијата да тестира голем број примероци за кратко време, додека поврзувањето на облак обезбедува следливост и транспарентност во резултатите од тестот.
 
„Отпорноста кон антибиотици претставува една од најголемите закани за глобалното човеково здравје и безбедноста на храната. Со MilkSafe™ Solution, нудиме лесно-употребливи тестови, истовремено воспоставувајќи следливост и транспарентност при контрола на антибиотици во млекарниците за целиот синџир за собирање млеко, така што млекарите можат да набават млеко без антибиотици на најодржлив начин.

Ова им овозможува на млекарите да го водат својот производствен процес според планираното и конечно да можат да достават квалитетни млечни производи до своите потрошувачи. Со нашето решение за тестирање, фармерите или возачите на цистерни можат да го тестираат млекото во рана фаза и на тој начин да го минимизираат фрлањето на млеко или трошоците за негова набавка, да ја оптимизираат одржливоста и да придонесат за зголемена продуктивност на млекарниците. Chr. Hansen е задоволен што е во првите редови помагајќи да се поддржи одржливоста преку палетата на производи MilkSafe™“, вели Ханс Раџ, менаџер за комерцијален развој за комплети за тестирање и опрема во Chr Hansen.

Истражете го целиот наш асортиман за тестирање на антибиотици за да го изберете тестот што одговара на Вашите потреби за да ја минимизира изложеноста на антибиотици и резидуи врз Вашиот производствен процес и да се подобри контролата на квалитетот.


Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *