Црвена како ниедна друга

Чиста, едноставна боја добиена на природен начин – Chr. Hansen лансира живописен, минимално обработен црвен сок со уникатни бенефити

Црвената боја е клучната нијанса во многу прехранбени производи – од колачи до кондиторски производи до милкшејкови. Но, да се добие црвено решение од природни извори може да биде полно со технички ограничувања за производителите на прехранбени производи и пијалоци. Во исто време станува предизвик да се создаде стабилна и живописна боја.

“Нашите нови FruitMax® црвени бои се развиени за да решат некои од големите предизвици со природни црвени бои кои постојат во индустријата денес. Тие обезбедуваат стабилна, живописна црвена нијанса без тенденција да се создаде несакан вкус како црвените концентрати од црвена репка. Нашата амбиција беше да ги исполниме побарувањата на потрошувачите за природно решение.

Во исто време им овозможуваме на производителите за прехранбени производи и пијалоци да ја создадат истата црвена нијанса што прилега на нивниот бренд – секој пат. Резултатот е навистина црвена боја како ниедна друга”, објаснува Klaus Bjerrum, извршен потпретседател, Природни Бои.

Овие нови FruitMax® црвени бои се базирани на мешавина од црвен зеленчук. Истите се минимално обработени и ги исполнуваат барањата на ЕУ за боење на прехранбените производи. Заедно, овие два производи покриваат широк спектар на побарувањата на пазарот.

Давање на потрошувачите она што тие го бараат

Минимално обработените бои се базирани на овошје, зеленчук или концентрати од хранливи растенија. Тие се најбрзо растечки тип на боја во прехранбената индустрија и индустријата за пијалоци како одговор на побарувањата на потрошувачите за природни состојки и чисти етикети.

“Без адитиви и конзерванси’ е главното тврдење при лансирање на производи во светот денес. Транспарентноста на етикетирање повеќе не е избор, тоа е неопходно за производот да остане релевантен и конкурентен. Ние развиваме решенија кои одговараат на овие побарувања и работиме рамо-до-рамо со нашите клиенти пред, во тек, и после процесот на развивање.” кажува Pernille Arskog, Висок менаџер, Глобален Маркетинг.

Изработени со нежни, традиционални методи Chr. Hansen има спектар на FruitMax®  бои кои можат да бидат јасно и едноставно означени како сокови од овошје и зеленчук.

 Живописно црвена или нежно розева

Уникатните својства за боење на овие FruitMax® црвени бои може да дадат живописно црвена или нежно розева боја.

Тие се достапни насекаде. Може да се користат во кондиторски производи, сладолед, пекарски производи и декорации, овошни подготовки и ферментирани млечни производи.

Тие ја исполнуваат потребата на пазарот за стабилна и светла ‘јагода’ црвена нијанса која може да се користи во помалку кисели прехранбени производи како колачи, милкшејк и смути. Тие се одлична алтернатива на синтетичките црвени бои и карминот. Постабилни се од концентратите од цвекло кои стануваат кафени кога се изложени на топлина. Исто така, се помалку рН осетливи од другите црвени бои базирани на антоцијанини кои знаат да станат малку сиви при неутрална рН”, додава Arskog.

 

 

 

[1] Chr. Hansen

Оставете коментар

Your email address will not be published.