Ферментација – тајната позади твојата омилена храна

Ферментација – тајната позади твојата омилена храна

Кога ќе се слушне зборот ферментација, повеќето од нас прво помислуваат на кисела зелка и комбуха. Но иако можеби нема тоа да го забележиш, но на сите рафтови во локалните супермаркети – 1/3 од храната што ја конзумираме е ферментирана. Всушност, повеќето од твојата омилена храна е ферментирана. Запознај ги подобро добрите микроорганизми кои се вистинските господари позади најпознатата храна во светот.

Една од најпознатите техники во современото готвење

Многу пред човештвото да ја открие електричната енергија и да го измисли фрижидерот, ферментацијата се развила од обична секојдневна потреба – да ја заштити храната од расипување и да ја зачува свежа за подолго време. Па иако има многу “муабети” за ферментацијата во последно време, всушност нема ништо ново во врска со нејзе. Нашите предци го правеле тоа со векови, и тие дури ја совладале уметноста на ферментацијата многу пред да знаат како всушност работи или да ја знаат фасцинантната наука позади нејзе.

Ферментацијата ја зачувува храната. Тука се вклучени млекото, месото, виното, пивото, овошјето и зеленчукот, притоа уништувајќи ги акумулираните токсини на природен начин и ова помага да се зачуваат производите безбедни. Кога ќе размислите подобро, јогуртот трае многу подолго од свежото млеко и саламите многу подолго од свежото месо. Но тука има и повеќе придобивки кои произлегуваат од ферментацијата – како нежниот вкус и здравото варење – и тие се веројатно причините зошто ферментацијата е ставена на пиедестал од познатите готвачи и научници за храна.

“Од сите различни трансоформации што ги нарекуваме готвење, мислам дека ферментацијата е најчудесната и најмистериозна.

Michael Pollan во неговиот документарец на Netflix ‘Cooked’

 

Бионауката позади ферментацијата

Ферментацијата е биохемиско разложување на супстанца од бактерии, квасци или други микроорганизми. Биопроцес кој ги користи микроорганизмите да произведат или киселина или алкохол од извори на карбохидрати како шеќери и растителни влакна. Овие метаболити (супстанци добиени при “разложувањето”, во овој случај киселина или алкохол) ја зачувуваат храната и создаваат уникатни вкусови, текстури и зголемена нутритивна вредност на производите.

Ние како потрошувачи, кога пазаруваме намирници, очекуваме нашите омилени производи да имаат ист вкус како последниот пат кога сме ги купиле и поради тоа контролираната ферментација е нашироко користена во прехранбената индустрија. Не само што ферментацијата е целосно природен метод, туку исто така им овозможува на производителите на прехранбена индустрија да понудат постојаност во храната кои потрошувачите ја знаат и сакаат.

 

10 познати ферментирани производи:

  • Јогурт
  • Вино
  • Сирење
  • Пиво
  • Пршута
  • Зрна кафе
  • Оцет
  • Црн чај

 

[1] https://www.chr-hansen.com

Оставете коментар

Your email address will not be published.