Со лансирање на целосна нова палета на состојки со својства за боење за храна за кучиња и мачиња, Chr. Hansen го користи своето 140 годишно искуство за разни формулации и апликации за да ја подржи индустријата за домашни миленици
Целосна палета на производи е пуштена во употреба за разни апликации за храна за домашни миленици, вклучувајќи сува, полувлажна храна и награди.
Решенијата содржат 28 производи добиени од природата со својства за боење. Продолжената палета на производи ги обезбедува најчестите нијанси за храна за миленици – жолта, портокалова, црвена и кафена. Палетата е достапна во САД и во Европа.
“Во партнерство со некои од најголемите призводители на храна за домашни миленици – ние стекнавме големо познавање во апликации за храна за домашните миленици. Заедно со лансирањето на оваа нова палета на производи, ние обезбедуваме поддршка потребна за преминување од вештачки бои, во природни.
Со нашите производи и знаење, ние им помагаме на клиентите да ги добијат нијансите кои се правилни за нивниот бренд,” објаснува Rikke Sakstrup Frandsen, Бизнис Менаџер, Храна за Домашни Миленици.
Најдобриот пријател на човекот
Кучињата се најпопуларните домашни миленичиња во светот, во сопственост на еден човек од тројца. Со скоро 70 милиони кучиња само во САД, кои пола од нив спијат во креветот заедно со човекот, не е ни чудно дека кучињата се голем бизнис. Мачињата не се толку далеку исто така, 23% од луѓето во светот живеат со маче како домашно милениче1. Индустријата за храна за кучиња и мачиња имаат комбинирана малопродажна вредност од околу 65,5 билиони евра 2.
Како што потрошувачите бараат здрава, природна и безбедна храна за нив самите, така бараат храна и за нивните миленици која не содржи вештачки бои нити пак конзерванси3.
Производителите на храна за домашни миленици одговараат на побарувачката со премиум храна и производи за домашните миленичиња.
Следејќи ги човечките трендови
“Трендовите на домашни миленици ги следат човечките трендови многу блиску. Ова значи дека подготвеноста на потрошувачот да купи премиум производи за своето домашно милениче се зголемува.
Тоа е исто како кога “родителите на миленичињата” користат слични критериуми за да одберат храна за своето домашно милениче како што ја користат кога купуваат храна за себе “, објаснува Klaus Bjerrum, извршен потпретседател на Одделот за природни бои.
“Во Chr. Hansen, наша работа е да развиеме природни решенија кои се среќаваат со промените на трендот на пазарот. Ова им овозможува на нашите клиенти да ја зголемат довербата на потрошувачот. Исто такада им даде предност да го заштитат и негуваат својот бренд со исполнување на променливите параметри на пазарот.
Согласно овие најнови трендови на пазарот во храната за домашни миленици, решивме да ја поддржиме оваа индустрија, користејќи ја нашата силна основа за формулирање и примена на знаење од преку 140 години во индустријата за храна и пијалаци “, додава Bjerrum.
1.Data from a survey by GFK/SCIENTIFIC REPORTS VOLUME 7
2.Euromonitor and Chr. Hansen data, 2017
3.The Nielsen Company (US), LLC. Trends in pet care mirror those of pet owners, 2018