Тренд кон високопротеински, хранливи и одржливи млечни производи

Трендот со високoпротеински производи во млечната индустрија добива значителен замав во Европа последниве години, како одраз на пошироката промена во претпочитањето на потрошувачите кон поздрава и храна богата со хранливи материи. Овој тренд е поттикнат од зголемената свест за придобивките од протеините во исхраната, вклучително и градење мускули, губење на телесна тежината, поддршка на имунолошкиот систем, подобрување на изгледот и целокупното здравје.1

Европските потрошувачи, кои сè повеќе внимаваат на своето здравје и благосостојба, се свртуваат кон млечни производи со висока содржина на протеини како природен извор на оваа витална хранлива материја. Оваа промена е евидентна во проширувањето на опсегот на високопротеински млечни производи достапни на пазарот, од традиционални опции како грчки јогурт, Skyr, урда до иновативни понуди како што се јогурти и сирења збогатени со протеини.

Трендот влијае на развојот на производот. За да се постигне посакуваната висока содржина на протеини во производот, производителите имаат две опции: тие можат да го зајакнат млекото пред или по ферментацијата.
Зајакнувањето на млекото по ферментацијата е генерално поефикасно за да се добие вистинската текстура и вкус. Кога млекото се зајакнува пред ферментацијата, полесно е да се постигне саканата текстура, но поголем предизвик е да се добие вистинскиот вкус. Тоа е затоа што млечните бактерии треба да произведат поголема киселост за да го завршат процесот на ферментација и задржувањето на целата произведена млечна киселина го менува вкусот. Дополнително, зајакнувањето на млекото пред ферментација бара поселективна обработка на протеини, за што е потребна специјализирана опрема. Специјализираното знаење на овие процеси може значително да го подобри квалитетот и карактеристиките на финалниот производ. Во овој поглед, стручноста и искуството од тимот на Novonesis Dairy Application може да биде од големо значење.

Важно е да се спомене дека потрошувачите сè повеќе бараат млечни производи кои не само што се богати со протеини, туку се произведуваат и на еколошки и етички одговорни начини. Се зголемува интересот за протеините од растително потекло, што ги поттикна производителите на млечни производи да истражуваат комбинирани производи кои содржат млечни и растителни протеини за да ги задоволат различните потреби на потрошувачите.

Млечните производи се препознаваат како висококвалитетен извор на протеини. Производителите на млеко треба да ја искористат оваа можност и да одговорат на побарувачката за високопротеински производи со одговорен маркетинг и едукација на потрошувачите.

1. Euromonitor International Health and Nutrition Survey

Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.