Благодарение на своето долгогодишно искуство и посветени експерти во полето на стартер културите, Chr. Hansen може да понуди широк спектар на стартер култури за различни видови на сирење, култури на зреење, биозаштитни стартер култури и, се разбира, ензими (сирила) и други специјализирани ензимски решенија за производство на сирење.

Можете да се потпрете на нас за стартер култури за следните производи:
– Континентални сирења – полу-тврди и жолти сирења како што се Гауда, Едам, Масдам
– Тврди сирења; типични претставници се Пармиџано, Реџано и Грана Падано
– Чедар – најпознатиот вид на сирење во светот на англиско говорно подрачје
– Котиџ сирење
– Меки сирења како Бри и Камамбер
– Сирења со шуплини како на пример Емментал
– Кварк
– Творог
Културите за сирење на Chr. Hansen нудат гарантирана безбедност и постојан квалитет. Стартер културите за директна инокулација се продаваат за директна инокулација во преработено млеко – замрзнати како пелети или замрзнато суви гранули.
Главните предности од употребата на стартер култури за директна употреба се:
– Практичност и намалување на трошоците
– Безбедност
– Постојана акција
– Флексибилност
– Нови и интересни култури
За повеќе информации за производите од оваа категорија, ве молиме контактирајте го претставникот на Chr. Hansen во Македонија:
инж. Мери Илиеска, DKMEKA@chr-hansen.com
или нас:
office@vitastart.mk, tel.: +389 2 256 22 95