Стартер култури за други ферментирани млечни производи

Производство на млечни производиСо повеќе од 140 години искуство со стартер култури за млечни производи, Chr.Hansen нуди широк спектар на култури за ферментирани млечни производи и решенија за многу специјализирани категории на млечни производи. Благодарение на иновативноста и континуираната взаемна соработка со клиентите, Chr.Hansen нуди практичност и постојан квалитет на своите производи.

Некои од популарните млечни производи за кои можеме да понудиме стартер култури од Chr.Hansen се:

СкирСкир е традиционален млечен производ од Исланд. Се прави од ферментирано и концентрирано млеко. Покрај мазната текстура, скир привлекува и со својот иновативен и модерен нутритивен профил – висока содржина на протеини, ниска содржина на масти и ниска содржина на јаглехидрати. Традиционалниот исландски рецепт ужива зголемена побарувачка низ целиот свет во последниве години.

Нутритивни вредности за скир:

  • Околу 11% протеини
  • 3% јаглехидрати
  • 0,2% масти
  • Висока содржина на калциум и витамини, кои природно се наоѓаат во млечните производи.

Chr. Hansen разви одлични решенија за да Ве поддржи во производство на автентичен скир. Доколку сте заинтересирани, Ве молиме контактирајте нè.

Кефир

Кефирот е ферментиран млечен производ направен од комплексна мешавина на млечно-киселински бактерии и квасец. Традиционално се прави со кефирни зрна кои потекнуваат од планините Кавказ и се консумира без додадени ароми или вкусови.

Со потекло од Источна Европа, кефирот сега добива на популарност како нов глобален тренд. Доколку сакате да станете дел од новиот тренд на пазарот на млечни производи, Ви нудиме уникатно решение од Chr. Hansen – eXact® Kefir12, кој е уникатен бидејќи содржи 12 живи бактериски видови. Во комбинација со Yoflex® културите, повторно е откриена категоријата „кефир“ претставена од вкусниот FeelGood кефир со 14 живи бактерии.

Придобивките од FeelGood кефирот се:

  • Производ со историско наследство
  • Природно здрав
  • FeelGood кефирот е „супер“ верзија на кефир со 14 живи бактерии
  • Пријатен вкус
  • Мазна и нежна текстура
  • Чиста декларација (без адитиви)

Прочитајте повеќе за стартер културата за кефир на следниот линк.

Стартер културите за директна инокулација се продаваат за директна инокулација во пастеризирано млеко како замрзнати пелети или како лиофилизирани гранули. Главните предности од употребата на стартер култури за директна инокулација се:

1. Погодност и намалување на трошоците

2. Безбедност

3. Конзистентна активност

4. Флексибилност

5. Нови култури

За повеќе информации за производите од оваа категорија, можете да нè контактирате.