Скир (Skyr) засекогаш!
Високо протеински млечен десерт од карпите на Исланд
Сите сме го виделе Грчкиот јогурт (Greek Yogurt) на високо место на меѓународно ниво, и тоа е сеуште значаен тренд. Но, кога разговараме за Скир (Skyr), мислиме на млечен, ферментиран производ кој доаѓа од Исланд кој содржи повеќе протеини (до 13%) и само 0,2% масти.
“Скир е национално јадење во Исланд, кој е дел од секојдневната исхрана од времето на Викинзите, и кој исто така се споменува и во исландските саги. Денес Скир добро се вклопува во современиот начин на живот и потрошувачот кој е свесен за здравјето. Потрошувачот кој бара висока содржина на протеини, ниски јаглени хидрати, но сепак храна која има добар вкус и има убава, мазна текстура “, објаснува Карстен Тенеер, маркетинг директор, Fresh Dairy.
На чело на овој нов тренд Chr. Hansen игра важна улога во развојот на култури наменети за оваа апликација.
Култура за секој концепт
“Сакаме да развиеме концепти за да ја претставиме културата во различни видови на производи. Притоа тие да бидат прилагодени на конкретни потрошувачки сегменти или оброци”, објаснува Тјенер. “Пример може да бидат “ниско-калоричното премачкување” за жени кои се свесни за калориите. Или пак “здраво уживање” за семејствата кои сакаат вкусна и поздрава опција за десерт.”
[1] Mintel, 2015