Сега кога опасната сезона на грипови тропа на нашата врата, едно ново истражување ни открива тајно оружје за намалување на трошоците од заболувања како грип

Новото истражување во здравствената економија покажува дека користењето на пробиотици може да помогне во намалување на трошоците од заболувања како грип. Бројни истражувања веќе покажаа позитивна корелација помеѓу внесот на некои пробиотици и намалување на бројот на случаи, времетраење и сериозност на заболувања како грип. Резултатите покажуваат значителна заштеда што може да ја обезбеди потенцијалниот внес на пробиотици со намалување на бројот на денови земени за боледување, посети на доктори и пропишани лекови.

Заболувањата како што е грипот се тежок товар врз општеството

“Пробиотиците се веќе добро прифатени во здравството. Многубројни истражувања го потврдија терапевтскиот потенцијал на одредени видови пробиотици за одржување на здрав имунолошки систем и помагаат во заштита против штетните бактерии. Покрај здравствените придобивки на еден поединец, ова истражување покажува дека користењето пробиотици исто така придонесува во намалувањето на социјалните трошоци и ја намалува употребата на антибиотици.

Веруваме дека влијанието на пробиотиците врз здравјето, ќе продолжи да расте и во иднина бидејќи ние продолжуваме да го откриваме потенцијалот на добрите бактерии,” објаснува Andrew Scorey, Потпретседател, Chr. Hansen Човечко Здравје.

Користењето на пробиотици помага во намалување на пропишаните антибиотици за 30% 3

Според Светската Здравствена Организација, отпорноста на антибиотици е една од најголемите закани за глобалното здравје, безбедноста на храната и развојот денес, и се очекува да го надмине ракот како водечка причина за смртност во 2050. Ново истражување открива дека над 2,2 милиони третмани со антибиотици во САД може да се избегнат секоја година доколку населението користи пробиотици.

“Веќе знаеме дека прекумерената употреба на антибиотици може да доведе до отпорност на бактерии, што значи дека моменталниот третман повеќе нема да биде ефективен. Ова истражување обезбедува понатамошни докази дека пробиотиците и “добрите бактерии” може да се справат со еден од најголемите предизвици во светот” додава Scorey.

Нов модел на симулација

Резултатите од истражувањето се објавени во “Граници во Фармакологија” (Frontiers in Pharmacology) од нивните автори и рецензенти како независни експерти од индустријата и академијата. Chr. Hansen го спонзорираше развојот на новиот модел на симулација што е користен во истражувањето. Насловот на објавата е: Пробиотиците ги намалуваат трошоците за здравство и социјалното влијание на инфекции на респираторниот тракт слични на грип во САД: Студија на економски модели

Главните податоци користени во студијата се добиени од две независни објави: York Health Economics Consortium (YHEC) и Cochrane 1+2. Клиничките испитувања во овие прегледи користеле 22 пробиотски видови, вклучувајќи Лактобацилус рамнозус (Lactobacillus rhamnosus) и Бифидобактериум анималис (Bifidobacterium animalis) на Chr. Hansen.

“Оваа студија се базира на независни клинички испитувања и ги преведува клиничките наоди во трошоци и влијанија врз примарната здравствена заштита. Резултатите се многу сериозен аргумент во корист на пробиотиците. Chr. Hansen ќе продолжи да се заснова на овие резултати и да истражи како специфичните видови можат да ја поддржат оваа здравствена индустрија. Како резултат на ова истражување, сега имаме нов модел на симулација кој ќе ни овозможи нови можности за работење за идните студии, “објасува Adam Baker, Виши Менаџер, Развој на Човечко Здравје во Chr. Hansen.

Chr. Hansen ги има едни од најдобро-документираните пробиотици во светот. Огромниот број научни публикации и клинички студии укажуваат дека тие можат да имаат корисен ефект врз имунолошката функција.

 

 

 

Користени извори:

1 Hao et al. 2015. Probiotics for the prevention of acute upper respiratory tract infections. Cochrane database of systematic reviews.

2 King et al. 2014. Effectiveness of probiotics on the duration of illness in healthy children and adults who develop common acute respiratory infectious conditions: A systematic review and meta-analysis. British Journal of Nutrition.

3 CDC newsroom. 2016. CDC: 1 and 3 antibiotic prescriptions unnecessary.

 

 

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *