Денес, транспарентноста на состојки во рецептите е основниот елемент во градење (одржување) на еден бренд, чија цел е градење доверба со потрошувачите.
Во меѓувреме, потрошувачите бараат поздрави производи, а сепак да можат да уживаат во новите и интересни вкусови на закуски. Ова претставува голем предизвик за производителите на прехранбени производи. Овие производи се “природни”, “здрави”, “со малку состојки”.
Денес, гледаме зголемување на побарувачката за производи без палмино масло од трговците на мало и различните потрошувачки групи. Ова создава одлична можност за производителите на прехранбени производи.
Како што е потврдено од истражувањата спроведени од страна на Швајцарскиот универзитет на ЕТХ и Европскиот совет за информации за храна, етикетата каде што се декларира дека конкретниот производ не содржи палмино масло, силно влијае врз перцепцијата на потрошувачите и тие го прифаќаат како поздраво за конзумирање.
Бојата е важен елемент кој влијае врз привлечноста на разни типови храна и пијалоци.
Посебно за производителите на сладолед, важно е да користат бои или “храна што бои храна” без палмино масло, за да се усогласат постоечките производи со барањата на пазарот и за развивање на нови производи. Потребата да се вклучи поздрава алтернатива во понудата расте евидентно а притоа да нема негативно влијание на вкусот на производот. Како одговор на оваа потреба, Chr. Hansen разви нова палета на бои “храна што бои храна” што не содржат состојки од палмино масло. Новите производи се добиени од растенија и екстракти од растенија.
Овие производи содржат природни пигменти како лутеин, природен бета-каротен, картамус. Истите се целосно компатибилни со Европската Регулатива за класификација на екстракти од храна со својства за боење.
Погоре споментатата палета на FruitMax® боите може успешно да се користат во апликации како кондиторски и пекарски производи, дозволувајќи да се добие широк спектар на бои со интензивни нијанси како розева, топло розева, сина, кафена и жолта, кои притоа може да се мешаат за да се добијат повеќе нијанси како зелена, портокалова и црвена.
[1] www.chr-hansen.com