Продуктивност и одржливост

Продуктивност и одржливост – рака под рака

Одличниот вкус е клучен за лојалноста кон брендот. Ова ја нагласува важноста на одржувањето на стандарден вкус на производите – дури и кога има промена во рецептурата или оптимизација на трошоците.

Последните години светот се менува драстично поради макро-економската ситуација.
Нарушените синџири на снабдување, инфлацискиот притисок и растечките трошоци ги предизвикаа производителите низ индустриите да го извлечат максимумот од достапните суровини. Оптимизирањето на продуктивноста не мора да влијае на квалитетот на потрошувачкото искуство или да ја компромитира посветеноста на вашиот бренд кон извонредност и одржливост. Производителите ќе постигнат многу со избирање на најдобрите култури и ензими за нивниот рецепт и нивно комбинирање со идеалните технологии и процеси за да заштедат на трошоци и да го одржат одличниот квалитет на финалните производи што ги очекуваат нивните клиенти.

Кога продуктивноста и одржливоста одат рака под рака

Novonesis има повеќе од 100 години искуство во управувањето со сопствените ресурси од природата како моќна алатка за млечните производители да ги оптимизираат процесите за подобрена ефикасност и одржливост. Нивниот фокус е да го подобрат приносот, да го намалат отпадот и времето на производство.

Во продолжение конкретни примери за тоа како производителите на јогурт и сирење соработуваат со Novonesis за да ја максимизираат продуктивноста, да ги намалат трошоците и да го извлечат максимумот од своето млеко:


Намалувањето на нивото на протеини во јогуртот, во комбинација со најновите иновации во културите, може да им помогне на производителите да ги намалат трошоците. Серијата YoFlex® Premium на Novonesis се состои од култури со висока текстура кои го компензираат губењето на текстурата поради помалата содржина на цврсти материи. Со овие култури, возможно е да се намали протеинот за 0.2% – а во некои случаи и многу повеќе.

Со вистинските состојки и производствен процес, производителите можат да го намалат соодносот на цврсти материи во нивното сирење, што може да ги намали трошоците без да направи компромиси да ги промени вкусот и текстурата. Водечките ниско-протеолитички коагуланти на Novonesis, како што е палетата CHY-MAX®, можат да го подобрат обновувањето на цврстите материи и задржувањето на влагата, што доведува до зголемување на рандманот на сирењето, а воедно да го задржат истиот супериорен квалитет.

Скратувањето на времето за зреење е уште начин за подобрување на ефикасноста. Процедурите се достапни за инкорпорирање на култури за зреење, да се забрза зреењето на сирење, и да се испорача во маркетите за продажба побрзо од очекуваното. Додека природното зреење игра важна улога во развојот на интензивен вкус, решенијата за зреење на Novonesis, ги засилуваат посакуваните вкусови природно, но побрзо.

Малите подобрувања на продуктивноста можат да имаат големо влијание
Љубопитни сте да научите повеќе?

Нашиот тим од технички менаџери имаат искуство и експертиза за соработка со млечните производители ширум светот да ја идентификуваат најдобрата култура, ензим и нивна примена на оптимални процесни параметри за постоечки и нови формули за рецепти.

Соработувајте со нас и искусете ја разликата која подобрената продуктивност може да создаде. Заедно можеме да создадеме подобар свет.

Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.