Глобалната потрошувачка на месо од година во година бележи зголемување во споредба со 2014. Оваа статистика е според податоците од лондонската пазарна компанија Euromonitor International.
Со зголемувањето на светската популација, потрошувачката на месо ќе расте, што е големо изненадување; бројни аналитичари предвидуваат дека потрошувачката на месо ќе расте за да држи чекор со се побројната популација на планетата Земја. Но, специфично е тоа што потрошувачката на телешко и говедско месо опаѓа во повеќето развиени области во светот.
Потрошувачката на говедско и телешко месо во САД е падната 3%, споредбено со 2014, според податоците од Euromonitor. Во 2014, во САД е потрошено 8,003.40 тони (t) говедско и телешко, а лани 7,753.80 t.
Опаѓање на потрошувачката на говедско и телешко во 2014 е забележана во Австралија, Европа и Јужна Америка, додека раст има во Африка, Азија/Пацифик и Средниот Исток.
Црвено месо, здравствени стравови
“На глобално ниво, целокупната потрошувачка на месо пораснала 2% во 2015,” вели Анастасиа Алиева, раководител на истражувањата за свежо месо при Euromonitor International.
“Побарувачката за месо е водена од пазарите на земјите во развој.Таму зголемениот стандард и раст на наталитетот резултираат во зголемена потрошувачка на релативно скапо месо. Средниот Исток и Африка со Азија/Пацифик обезбедиле динамичен раст од 4% и 3% соодветно. Тие се и единствените региони каде телешкото и говедското забележуваат раст.”
Една од причините за падот на потрошувачката на говедското и телешкото месо во Европа може да се поврзе со потрошувачките стравови од негативните ефекти кои ги предизвикува црвеното месо врз човечкото здравје.
Во исто време во Западна Европа се зголемуваат здравствените проблеми поврзани со црвеното месо. Тука се подразбира на кардио/васкуларните оболувања и ракот на дебелото црево. Притоа, потрошувачката на месото во целост, се намалува. Особено говедското и телешкото месо, кое продолжува да се намалува со 0,3% и 1% соодветно.
Извор: globalmeatnews.com