Подобра биозаштита за повеќе млечни производи во повеќе области

Новите FreshQ® култури нудат алтернатива за повеќе хемикалии и синтетички конзрванси во споредба со првата генерација

Со втората генерација на FreshQ®  културите на Chr. Hansen, повеќе млекари може да се ослонат на природна свежина и да допринесат за намалување на отпадот

Откако глобалната бионаучната компанија Chr. Hansen за прв пат ја лансираше  палетата на FreshQ® пред 5 години, се пресели во глобалната млечна индустрија и се стекна со признание за своите извонредни заштитни својства против квасците и мувлите на природен начин. Во согласност со силната желба на потрошувачите за чиста етикета.

Сега, тимовите за иновација и научни истражувања на Chr. Hansen направија: Развија серија од нови FreshQ® уште посилни од првата генерција, и подготвени да го прошират својот глобален дострел.

Помагајќи им на потрошувачите да се префрлат на природни решенија

“Ние сме среќни и горди што лансираме повеќе од 10 нови култури, кои многу веројатно ќе ги отворат вратите за нови пазари и клиенти,” објаснува Peter Thoeysen, Маркетинг Директор, Млечна Биозаштита.

“Ова е нова генерација која нуди подобрени решенија. Новите FreshQ®  култури се применливи и оптимизирани за значително повеќе производи и апликации. Покрај јогуртот тука спаѓаат и свежо сирење, ќефир, кварк и многубројни ферментирани млечни производи. Тие имаат посилни заштитни својства што ги прават добро прилагодени во региони каде што “ладниот синџир” е под притисок.

Последно, но не и најмалку важно, тие нудат алтернатива на уште повеќе хемикалии и вештачки конзерванси од првата генерација. На тој начин можеме да им помогнеме на повеќето клиенти да се префрлат на природни решенија,” нагласува тој.

Намалување на отпадокот од храна преку подолг рок на траење на производите

FreshQ®  работи со инхибиција или одложување на растот на квасците и мувлите во свежите млечни производи. Екстерно признаена студија покажа дека со продолжување на рокот на траење на производите, FreshQ®може да помогне со намалување на отпадокот од храна.

Денес 17% од производството на јогурт во Европа оди во отпад – во 80% од случаевите е бидејќи употребата-по-датум доспева некаде во синџирот на снабдување. Продолжување на рокот на траење за 7 дена, што е конзервативна проценка на можното влијание од FreshQ®, ќе го пренесе во потенцијално намалување на отпадокот од јогурт за 30%, само во Европа.

Намалување на отпадокот од храна не само што беше идентификуван од ОН како Глобална Цел за Развој на Одржливост – тоа е исто така на високо ниво на агендата на потрошувачот. Скромно продолжување на рокот на траење не е во спротивност со нивото преферирање за свежина се додека се природни состојки. Притоа може да допринесе за намалување на отпадокот.

Чувајте ги одлично! – Keep It Great!

“Втората генерација на FreshQ® ги надмина границите кои беа идентификувани во првата генерација. Во развојот на културите се фокусиравме исто така на одбрани видови кои имаат минимално влијание на процесот. И притоа да помогнат да се добие посакуваниот вкус,” објаснува Thoyesen.

“Тоа што ние го нудиме на производителите за млечни производи низ светот е конкурентска предност без компромитирање на ознаката на производот; им обезбедуваме шанса да си ги задржат своите производи свежи и безбедни подолго со користење на изворите од природата. Тоа не само што им помага на производителите на храна да создадат одлично бренд искуство – им помага да ги Чуваат одлично!” заклучува Thoyesen, повикувајќи се на чадорот под кој Chr. Hansen ги собира сите свои биозаштитни решенија за млечни, месни производи, лосос и свежи салати.

Биозаштитата е стратешки светилник во севкупната стартегија Nature’s no.1 на Chr. Hansen. Минатата година оваа област забележа раст од 30%, а и очекувањата продолжуваат да растат.

 

 

[1] https://www.chr-hansen.com/en

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *