Антибиотиците долго време се препишуваат како лекови за се, од обични настинки до сериозни инфекции. Тие се срцето на модерната медицина – во 2016, само 134% од Европјаните ги конзумирале. Отпорноста на анитибиотиците нé остава ранливи на штетата предизвикана од болести и инфекции кои порано биле лечени со овие лекови.
Распространост
Инфекциите создадени од отпорноста на антибиотици убиваат 33,000 луѓе секоја година2 само во ЕУ. Извештај од Обединети Нации на почетокот на годината објави дека се предвидува дека бројката може да порасне до 10 милиони луѓе во целиот свет до 20503 година. Дури и во дивите животни, и водени4 и земјени5, е откриено дека поседуваат отпорни бактериски видови како резултат на антимикробната отпорност на гените дистрибуирана во екосистемите. Ова води кон развој на отпорност во бактериите и микробите во текот на времето.
Важност
Многу фактори придонесуваат за глобалниот пораст на отпорност на антибиотиците. Иако користењето анибиотици во луѓето е волуменски помала во споредба со животинско сточарство (поради повисокиот број и вкупната тежина на животни кои се чуваат секоја година), моменталното ниво сеуште може да биде штетно.
Пациентите на кои им се препишани антибиотици и во меѓувреме престануваат да ја земат целосната доза може да предизвика задржување на бактериите – што најчесто се најсилните видови. Овие бактерии може да се мултиплицираат и да создадат поодржлива следна генерација. Исто така, третина од препишаните антибиотици се сметаат за непотребни6. На пример, антибиотиците лечат само болести предизвикани од бактерии, но се често непотребно препишани да лечат вируси кои не реагираат на нив.
Решение
Што можеме да направиме? Еве неколку начини кои можат да помогнат да се преброди оваа закана од отпорноста на антибиотиците, како локално така и на повиско ниво:
- Одбегнувајте користење на антибиотици за инфекции кои може да бидат вирусни. Осигурајте се дека болеста е бактериска пред да почнете да ги користите.
- Ако добиете рецепт, внимавајте да ја земете секоја препишана доза за оптимизирање ефикасност и минимизирање на ризикот да и помогнете на бактеријата да создаде имунитет.
- Избегнувајте загадување на локалните екосистеми и вода со правилно отстранување на вишокот лекови.
- Покрај внесот на антибиотици, јадете месо, млечни производи и јајца од животни кои се одгледувани со минимална употреба на анитибиотици.
Успешно решавање на глобалниот предизвик на отпорност на антибиотици, бара глобална соработка. Со менување на нашето однесување за да се поттикне одговорно користење на антибиотици, ние помагаме да се отвори патот за иднина во која ќе продолжиме да се потпираме на нивната заштита.
1 https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC6338985
2 https://www.sciencedaily.com/releases/2018/11/181106104213.htm
3 https://www.who.int /antimicrobial-resistance/interagency-coordination-group/IACG_final_summary_EN.pdf?ua=1
4 http://www.cidrap.umn.edu/news-perspective/2019/06/urban-wildlife-may-add-antibiotic-resistance -threat
5 https://www.sciencedaily.com/releases/2019/09/190915130055.htm
6 https://www.cdc.gov/media/releases/2016/p0503-unnecessary-prescriptions.html