Млечни производи добиени од животни на испаша, супа од коска… Производи кои се актуелни на пазарот за природна храна, и тежнеат со голема брзина да станат меинстрим. Традиционалните производители бараат поголем дел од трговијата со природна и органска храна, се вели во извештајот на компанијата за инвестициско банкарство Silverwood Partners.
Според Silverwood, следните трендови се вредни за набљудување:
1. ЛОКАЛНО ПРОИЗВОДСТВО:
Значителен инвестициски капитал е вложен во компании кои на потрошувачите им нудат нов пристап до свежа, локално проиизведена храна. Пример: MightyVine, BrightFarms ,AeroFarms.
2. ЧИСТА ЕТИКЕТА:
Се повеќе големи прехрамбени компании се приклучуваат кон трендот за означување без Е-броеви.
3. ЗАНАЕТЧИСТВО:
Тренд на традиционално производство кај пивото и газирани пијалоци.
4. ОРГАНСКО:
Whole Foods со своите ланци за природна храна има притисок од традиционалните производители на органска храна (Kroger, Target etc). Според BMO Capital Markets, само 24% од потрошувачите изјавиле дека органските производи од Whole Foods се ‘дефинитивно’со подобар квалитет отколку органската храна во традиционалните производители.
5. ЗДРАВА ПРОМЕНА:
Потрошувачите се фокусирани кон вистинска и квалитетна храна со позитивни хранливи состојки, која е свежа и минимално процесирана. Станува поважно Изборот на здрава исхрана е поважен од броењето калории. Во меѓувреме популарноста на мастите се враќа, а додадениот шекер е непожелна состојка.
6. ЗДРАВЈЕ НА ОРГАНИТЕ ЗА ВАРЕЊЕ:
Дигстивното здравје е жежок тренд, пробиотиците се движат добро заедно со млечната индустрија (cf. GoodBelly, Nomva).
7. МЕСО И МЛЕКО ДОБИЕНО ОД ЖИВОТНИ НА ИСПАША:
Освојува простор кај млекото и месото (Epic, Thew New Primal, Dreaming Cow).
8. ПРОТЕИН:
Се очекува континуирано инвестирање во протеини од растително потекло (грашок, лен, киноа, чиа), се вели од Silverwood, покрај благиот раст на интересот за инсекти и алги.
9. ПАЛЕО/BULLETPROOF:
Исхраната со ниско ниво на јаглехидрати добива на важност. Според Harvard Business School, Палео исхраната има голема популарност поради силната поврзаност со CrossFit популарен фитнес програм, кој броел во 2005 13 следбеници за да во 2015 има 12,000.
10. ЗДРАВЈЕ НА МОЗОКОТ:
Растат инвестициите во ноотропните храни и додатоци на исхрана кои тврдат дека со овие храни се зголемува меморијата, способноста за учење, когнитивноста, расположението. Во меѓувреме, големите корпорации за пакување храна го зголемуваат интересот за инвестирање и купување мали иновативни брендови.
Извор: Food Navigator