Одредете го точно нивото на лактоза во само неколку минути

Chr. Hansen го претставува LactoSens®  – одличен брз тест за откривање на нивото на остатоци на лактоза во млечни производи со ниско ниво на лактоза и без лактоза.

Скоро половина од светската популација страда од интолеранција на лактоза. Во исто време се повеќе и повеќе корисници ги поврзуваат производите без лактоза како здрав избор. Така што ги исклучуваат млечните производи од нивната исхрана. Притоа, трендот на млечните производи без лактоза расте брзо; и тоа не само во јогуртите и десерти, посебно во Европа, Северна и Латинска Америка.

Исто така, растот на приход во Азија и Африка, каде што се наоѓа најголемиот процент на луѓе интолерантни на лактоза, ги прават овие региони нови и интересни за иновативните производители на млечни производи. Но, документирајќи го вистинското ниво на лактоза е клучот.

Тука доаѓа новото решение на Chr. Hansen: LactoSens® е брз и лесен за употреба тест за откривање на нивото на лактоза во млеко и млечни производи со ниска лактоза/ без лактоза.

Најдоброто од двата света

LactoSens® ги комбинира придобивките на брз тест со точноста на референтниот метод.

“Ова го прави совршениот комплет на тест”, објаснува Jes Thyge Jensen, Директор, Тестови, Chr. Hansen.” Користејќи едноставен протокол, LactoSens® овозможува точен резултат за време од неколку минути – притоа обезбедувајќи точност и заштеда на време и трошоци. Им овозможува на производителите да ги претстават своите производи штом лесното тестирање ќе ја потврди концентрацијата на лактоза.”

Покрај тоа, го олеснува следењето, бидејќи млекарите треба да ги документираат нивоата на производите со ниска лактоза/ без лактоза. И тоа за секоја производствена серија која го напушта производствениот објект.

Моќно дуо

Користејќи го LactoSens®  во комбинација со новиот иновативен ензим на Chr. Hansen, Nola Fit® ги става производителите на млечни производи во сигурни раце.

Прво, Nola Fit®  ја разложува лактозата на глукоза и галактоза, отварајќи ја вратата за потрошувачите интолерантни на лактоза да уживаат во одличниот вкус на јогуртот и останатите млечни производи. Потоа LactoSens®  брзо и едноставно го одредува нивото на остатоци од лактозата.

“Ние го гледаме ова моќно дуо како брз начин за производителите на млечни производи да добијат дел од трендот на растење на без-лактозниот слободен пазар”, заклучува Jes Thyge Jensen.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *