Ново решение кое ја отвора можноста за без-лактозен јогурт и јогурт со намалено ниво на шеќер

Chr. Hansen го лансира NOLA® Fit: Нов уникатен лактозен ензим кој ги отвара вратите за без-лактозен јогурт или јогурт со намалено ниво на шеќер – без загрозување на вкусот.

Повеќе од половина од светската популација која страда од нетолеранција на лактоза до одреден степен (според Euromonitor). Притоа, пазарот на јогурт и другите ферментирани млечни производи долго време се обидува да најде начин да биде економичен и едноставен за намалување на лактозата.

NOLA® Fit ензимот на Chr. Hansen е тој што го овозможува ова. Високо ефикасно, и економично, иновативно ензимско решение. NOLA® Fit им овозможува на производителите на млечни производи да ја намалат или отстранат лактозата. Или, дополнително да го намалат додадениот шеќер во јогуртот за најмалку 1гр во 100гр јогурт без да влијае врз сладоста на крајниот производ.

Прави чуда со правилната култура

“Со NOLA® Fit вратата е отворена за потрошувачи кои се нетолерантни на лактоза да ја уживаат убавината на јогуртот и останатите ферментирани млечни производи. Таа ја разложува лактозата на глукоза и галактоза, што дополнително резултира во природно благ јогурт. Прави чуда кога се аплицира заедно со правилната стартер култура за јогурт, “ објаснува Lars Bredmose, Директор, Fresh Dairy, Chr. Hansen.

“Нештото што ја прави NOLA® Fit посебна лежи во високата активност на ензимот при ниска pH, споредено со традиционалните понуди на лактаза на пазарот,” објаснува тој.

“Колку што е моќна оваа нова понуда, толку е корисно за квалитетот на крајниот производ да се комбинира NOLA® Fit со правилната култура за јогурт.

Тука ние го нудиме нашето долго искуство во примена на култури и ензими за да се направат едноставни и ефикасни решенија во ферментираните млечни производи.”

Совршен за богат избор на млечни производи

NOLA® Fit, кој е лансиран на глобално ниво, е совршен за разни млечни производи. Покрај очигледните бенефити во јогуртот, NOLA® Fit  е посебно погоден за премиум без-лактозни млека. За ферментирани производи и ферментирани производи со намалено ниво на шеќер, исто така.

Исто така, високата специфична активност и ниските странични активности го прават ензимот да работи ефективно. Притоа да биде ослободен од вкусови поврзани со други типови на ензими. Ова е особено важно за UHT (ултра-термички третирани) и ESL (продолжен рок на траење) млеко.

Комбинацијата на високата специфична активност и ниските странични активности на NOLA® Fit прави совршен спој за намалување на шеќерот во стабилни и/или свежи ароматични млечни производи.

Трендови на пазарот

  • Водени од здравствени или велнес трендови, многу потрошувачи ги исклучуваат од употреба млечните производи поради присуството на лактоза.
  • Сегментот на без-лактозни млечни производи расте многу брзо; не само во крајни производи како јогуртите и десертите, и тоа посебно во Европа, Северна и Латинска Америка. Зголемувањето на расположливиот доход во Азија и Африка, ги прави овие региони интересни нови пазари за иновативни производители за млечни производи. Таму е највисоко нивото на луѓе нетолерантни на лактоза исто така.
  • Во исто време, шеќерот брзо станува новиот виновник во умовите на потрошувачите. 60% од потрошувачите го следат нивниот внес на шеќер, а 25% активно бараат намален шеќер – но не и со жртва на автентичниот сладок вкус. Ова е според новата Европска студија, спроведена од компанијата за истражување на пазарот Sensus во пролетта 2016 година,

За повеќе информации за производите од оваа категорија, ве молиме контактирајте нас:

office@vitastart.mk, tel.: +389 2 256 22 95