Нови трендови во исхраната

Како потрошувачите ја оценуваат и одбираат храната што ја конзумираат? Како ги оценуваат и здравите производи? Дали ќе се појави револуција во прехранбената индустрија наскоро?

Во ова време на промена, Chr. Hansen работи да ги осигура производителите на прехранбена индустрија и самите потрошувачи, да ги добијат максималните придобивки и придобивките од нашите производи. Можноста да се добијат иновативни решенија и технологии на пазарот е важен фактор за стекнување успех во иднина. Така што, нашата компанија го заврши проектот што го работеше чија цел беше да се откријат и да се предвидат промените во прехранбената и медицинската индустрија во наредните 10 години.

Дали ќе се појави револуција во прехранбената индустрија?

Добредојдовте во новиот свет на исхрана

Работејќи со тим од социолози и антрополози, ги направивме првите набљудувања за тоа што се случува во светот на храната. Членовите на тимот посетија стартап компании, разговараа со експерти, ги интервјуираа најголемите производители на храна и се едуцираа за однесувањето на потрошувачите. Истражувањето беше направено низ светот. Всушност, се фокусиравме на разбирање на навиките на популацијата во САД, Европа и Азија. Во текот на истражувањето, повеќе од 140 часа аудио и видео материјали беа собрани, како и повеќе од 600 страни на собрани забелешки во тетратка.

Не е ново откритието дека луѓето стануваат посвесни и посвесно се однесуваат на храната што ја конзумираат и со која ги хранат своите деца. Светот на храна и здрави производи е во процесот на структурни промени и се движиме во правец на “новиот свет на исхрана”.

Решавање дилеми на потрошувачите

Истражувањата открија 5 големи фактори што се важни за потрошувачите при бирање на храна, како и влијанието на структурните промени во индустријата. Купувачите сакаат сé во еден производ, но пазарот не ги задоволува овие барања.

Луѓето сакаат да имаат опција да купат храна која што е вкусна, здрава, безбедна и автентична, но и да е прифатлива со цена. Нашето истражување го утврди фактот дека потрошувачот, при изборот на храна, по желба да е вкусна и здрава, треба да најде компромис помеѓу овие основни својства на храната.

На пример, луѓето често одбираат храна за вкус, нешто што тие би сакале да го јадат, или одбираат храна со здравствени придобивки. Така што, луѓето многу ретко го оценуваат производот за двете својства. Додека пак во, “новиот свет на исхрана” потрошувачот ја сака оваа комбинација и затоа активно бара производи што одговараат на неговите преференци за вкус. И кои ќе бидат корисни врз здравјето исто така.

Убедени сме дека Chr. Hansen може да игра важна улога во овие ситуации и да им помогне на потрошувачите да решат многу од дилемите со кои се соочуваат. Нашиот тим со нетрпение ја очекува можноста да придонесе во подобрување на иднината денес, иднина каде што вистинката храна ќе биде достапна на повеќе луѓе ширум светот.

Иновативни решенија за исполнување на очекувањата од иднината

Согледувајќи ги резултатите од нашето истражување, како и позицијата на лидерот на пазарот, ние сме уверени дека развитокот на индустријата ќе биде согледан од решенијата на вистински производи.

  • Знаеме дека нашите решенија може да им помогнат на нашите клиенти да ги решат овие проблеми во нивна корист.
  • На пример, нашиот нов ензим Nola®Fit, може да помогне да се реши дилемата помеѓу својствата на вкус и здравствените придобивки, бидејќи овозможува да се добие посладок јогурт, но со намален состав на шеќери.
  • Друг пример е прикажан во производот SaltLite® сирење, кој значително го намалува составот на сол во сирење, без влијание на вкусот на сирењето.
  • Ние се стремиме да ги насочиме нашите истражувања и иновации во правец кој може да им помогне на нашите клиенти да ги решат дилемите во “новиот свет на исхрана”.