Нови движења во производството на пијалоци. Ферментација. Ново разбирање

Како што потрошувачите се префрлуваат на поздрав начин на живот, тие зголемено бараат природни состојки, функционални предности, нови вкусови и опции при одбирање на пијалок. Безалкохолни или пијалоци со низок етанол може да бидат интересна опција за потрошувачите. Вкусот е клучниот критериум за освојување на овој брзо-растечки пазар.

 

Неодамна, со цел да се пренасочи вниманието на потрошувачите од возбудливото прашање за содржината на шеќери во нивните пијалоци, иновативниот развој во категоријата на овошни сокови, сокови базирани на сок и смути се фокусираа на објавување на нивните корисни својства.

Апсолутно целата категорија на сокови се соочува со два главни проблеми – цена и високо ниво на шеќери и калоричен состав. Според Mintel, употребата на овошни сокови е намалена за 2% во Западна Европа и 4% во Северна Америка. Во исто време, зеленчуковите сокови стануваат популарни, но потрошувачите сеуште не се баш навикнати на карактеристичните ароми од зеленчуковите сокови. Потрошувачите сакаат да купуваат пијалоци согласно нивните параметри за вкус, но здрави, во удобен и безбеден формат.

Во производството на ферментиран чај и пијалоци базирани на растенија, има други проблеми поврзани со рокот на траење и ризикот од загадувачи кои предзвикуваат несакана алкохолна формација. Да се произведе безбеден, ферментиран чај во големи размери и да се задоволи растечката побарувачка од потрошувачите, потребни се различни методи на производство. Компанијата Chr. Hansen ја нуди палетата на Harvest LB-1 културите. Култури кои ќе помогнат да се задоволат побарувањата на пазарот во двете категории – ферментирани сокови и чај. Култури лесни за употреба и кои со сигурност заштитуваат од развиток на микроорганизми кои произведуваат алкохол.

Следејќи ги трендовите на намалување на алкохол и калории, пиварите и производителите на безалкохолни пијалоци бараат решение за производство на следната генерација на пијалоци базирани на жито (malt-based).

Тука проблемот е негативната перцепција на вкусот од безалкохолното пиво. Според Mintel, само 27% од Германците и 34% од Шпанците веруваат дека нискиот алкохол/не-алкохолно пиво има ист вкус како стандардното јако пиво (4-6% ABV). Само чистиот, со целосна структура, вкус на не-алкохолен пијалок, произведен исклучиво од четири состојки – вода, јачмен, хмељ и квасец. Само тој ќе ги задоволи најспецифичните потрошувачи.

Решението овде може да биде новиот вид NEER ™, кој ги претвора моносахаридите во специфични и посакувани вкусови, притоа помагајќи да се произведе вкусен пијалок без алкохол.

Иако нашиот проширен спектар на решенија за ферментирани пијалоци  е нов фокус за Chr. Hansen, инвативната ферментација останува наша специјалност. Високо квалификуваниот тим од најдобрите експерти за ферментација во индустријата и најголемата колекција на култури во светот овозможува успешно комбинирање на нашиот иновативен сектор со вашето професионално знаење и техники за пивари. Се со цел да се создаде безалкохолно пиво со целосен вкус, како и ферментирани сокови и чај што потрошувачите би ги сакале. Ферментација. Ново разбирање: создавањето на нови производи на индустриско ниво.

 

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *