Нови безмлечни стартер култури за алтернативи на млечните производи од Chr. Hansen

Новите безмлечни стартер култури од Chr. Hansen, погодни за вегански алтернативи за млечни производи на база на растенија, нудат лесен и свеж вкус и мазна текстура.

Пазарот за ферментирани алтернативи за млечни производи покажа висок раст во последните години иако од мала база.

Денес сегментот опфаќа помалку од 1% од ферментирани производи на пазарот, но во 2015 и 2016 година има достигнато највисоки стапки на раст (извор Euromonitor).

Според неодамна завршената студија:

  • Млечните алтернативи се гледаат како додатоци во постоечките млечни производи овозможувајќи поголем избор и опции за прехрана
  • Модерниот потрошувач ја вреднува варијацијата и повеќе од половина од корисниците кои беа контактирани, побарале да купат храна или пијалоци, алтернатива на млечни производи
  • Меѓу нив, 77% сакаат да видат повеќе опции по продавниците. Ова покажува на тоа дека млечните алтернативни производи имаат голем простор за раст

Додека здравјето е моторот за купување, алтернативите на млечните производи исто така треба да имаат добар вкус. Chr. Hansen е познат по својата способност да развие стартер култура која може да го искористи најдоброто од храната и да обезбеди вкус што го бараат потрошувачите.

Новата палета на производи е погодна за можностите што ги нуди овој нов тренд на пазарот и вклучува две нови култури YoFlex® (јогурт) и две нови Nu-trish® (пробиотски) стартер култури.

Два вкусни алтернативни концепти за млечни производи се развиени за да го претстават новото културно портфолио: SoyFresh, кој ги има сите добри квалитети на јогурт без стабилизатори и CoCoFresh, производ кој ги следи најновите трендови и се базира на кокосово млеко со висока содржина на маснотии.

Информации за алтернативниот пазар за млечни производи во Северна Америка (август 2017 година)

Ова истражување на пазарот обезбедува најново истражување на потрошувачите за употребата и ставовите на алтернативните млечни производи базирани на јогурт.

Клучни согледувања од извештајот:

  • Исхраната и здравјето се универзален поттик за купување на алтернативи за млечни производи
  • Преференците за етикетирање се различни за различните генерации, но “пробиотикот” е највисок за потрошувачите
  • Помладите генерации имаат тенденција за алтернативи на млечни производи. Но, алтернативните млечни производи како јогурт се добро прифатени од сите генерации.

 

Оставете коментар

Your email address will not be published.