Намалување на отпадот од храна со користење на природни ресурси

 

Според истражувањето на ФАО (Организација за Храна и Земјоделие на ОН), една четвртина калории наменети за човечка конзумација, всушност не се конзумира од страна на луѓето. Во време на недостиг на храна, кога повеќе од 800 милиони луѓе страдаат од изгладнување, справување со проблемот на отпад од храна е глобален приоритет. Тоа важи за политичарите, производители на прехранбени производи и граѓанското општество воопшто. Освен негативните социјални и економски последици, отпадот од храна исто така предизвикува значителна штета и за животната средина.

Разбирање на концептот на отфрлање на храна и отпад од храна

Отфрлањето и отпадот од храна се однесува на делови од растенија и животни кои се јадат, кои се произведуваат или се земаат за јавна потрошувачка. Но кои во крајна линија не се конзумираат од страна на луѓето.

Особено, “отфрлање на храна” се однесува на храна која се истура, расипува, која има намалување на квалитет или изглед поради сушење или друго. И тоа пред да стигнат до конзумација од страна на потрошувачите. “Отпадот од храна” се однесува на производите кои имаат добар квалитет и се погодни за употреба, но кои никогаш не се вклучени на масата за јадење, бидејќи се исфрлени – пред или откако ќе се влошат.1

Намалувањето на отпадот од храна е една од главните цели на Секторот за развој на ОН. Иако свеста кај потрошувачите за негативните ефекти од отпадот од храна расте, истражувањата направени во 2016 година покажуваат дека само 53% од потрошувачите во Америка2 се свесни за штетните ефекти од отпадот од храна. А тие сеуште годишно испуштаат околу 36 билиони кг храна. Голем дел од отпадот е поврзан со рокот на траење на производите. Скоро 70% од испитаниците веруваат дека производите треба да се исфрлат веднаш штом рокот на траење ќе почне да се доближува до крајниот датум за да се избегнат болести што се пренесуваат преку храна. Зголемување на рокот на траење може да помогне да се спречат големи количини на отпад. Тимовите на Chr. Hansen развија иновативни биозаштитни култури за да ги заштитат млечните и месните производи, салатите и виното.

Зачувајте ја свежината на млечните производи

Поради високиот промет, нестабилниот синџир на снабдување и релативно краткиот рок на траење, млечните производи значително придонесуваат за глобалната загуба и отпад од храна (FAO, OECD). Само во млечната индустрија постои приближна загуба од околу 20% во различните фази од синџирот на вредност. Според FAO, во Европа годишно се отфрлаат 290 милиони тони млечни производи. Една од главните причини за расипување на млечните производи се квасците и мувлите. Тие се природно се присутни секаде и брзо доведуваат до расипување. Ова е особено ако има прекини во ладниот синџир од производството се до фрижидерот на потрошувачот. Благодарение на биозаштитните култури на Chr. Hansen за заштита на производите од квасци и мувли, храната може да остане свежа и безбедна без користење на хемиски конзерванси.

Chr. Hansen е посветен на намалување на годишните загуби на јогурт на глобално ниво за 1.2 милиони тони до 2022. Ова е дел од нашата амбиција за одржливост која позитивно придонесува за исполнување на глобалната цел на ОН за одржлив развој бр.12.

Неколку факти:

  • 1/3 од целата произведена храна се отфрла
  • 80% од сите отпадоци на јогурт се поврзани со датумот на траење
  • Сепак, отфрлањето на јогурт во Европа може да се намали за 30% доколку рокот на употреба е продолжен за 7 дена, користејќи биозаштитна култура како што е FreshQ®
  • 250 милиони евра може да се заштедат годишно ако се намали отпадот од јогурт
  • 520.000 тони CO2 може да се спасат ако отпадот од јогурт се намали за 30%

 

1 Извор: World Resources Institute.

2 Household Food Waste: Multivariate Regression and Principal Components Analyses of Awareness and Attitudes among U.S. Consumers – PLOS research article – Published: July 21, 2016

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *