Решение за задоволување на потребите на над 70% од светската популација
Околу 70% од светската популација се лактоза нетолерантни. Лактозата е шеќер кој природно е присутен во млекото. Доенчињата се раѓаат со способност да произведуваат ензим лактаза, но како што старееме, производството на лактаза се намалува или згаснува. Доколку лактазата не е присутна во организмот, користењето млечни производи резултира со симптоми како надуеност, грчеви, дијареа и надуеност.
Се повеќе потрошувачи се ориентираат кон млечните производи како важен извор на протеини и хранливи материи. Тие користат млечни производи во неколку различни периоди од денот. Поради зголемениот дневен внес на млечни производи, клучно е да има производи без лактоза, за да потрошувачите може да ги искористат придобивките од млечните производи, а притоа да немаат непријатности од лактозата присутна во млечните производи.
Решенија од Chr. Hansen:
HA-LACTASE™, класична лактаза од квасец – идеално решение за развој на вкусни и здрави производи без лактоза.
NOLA® Fit lactase – ефикасен начин да се добијат безлактозни млечни производи, но и да се намали додадениот шеќер не само во млечните напитоци туку и во овошните јогурти и десерти.
„Без-лактозно“ е категорија која значително расте, со бројни лансирања на нови производи низ целиот свет. Главниот фокус е на млекото и јогуртот, но тој брзо се проширува и на други млечни производи како што се крем сирење, павлака и млеко во прав. Потрошувачите на безлактозни производи се лојални и спремни да платат премиум цена – во некои случаи, двојно повеќе.
Поради овие факти логично е да се развиваат безлактозни производи. Со помош на врвните производи од Chr. Hansen и апликациска поддршка изгледа дека може без мака да дојдат на свет безлактозните млечни производи.