Мисија и Визија

Мисија Мисијата на ВитаСтарт е да понуди квалитетни производи на македонскиот пазар кои ја поддржуваат квалитетната храна. Компанијата исто така обезбедува и услуги поврзани со увоз, дистрибуција, административна поддршка, како и технолошка поддршка при користење на производите. Приоритет на компанијата е да обезбеди квалитетна и целосна услуга и грижа за клиентите. Ова се состои од обезбедување навремена достава, помош при примена на производите како и одржување на портфолиото на производи составено од преферирани преханбени состојки.
Визија ВитаСтарт се гледа себеси како главен, основен и доверлив партнер и има за цел да изгради долгорочни и стабилни односи со своите партнери. Целта на компанијата е да ги достави своите производи и услуги што е можно побрзо и поефикасно, истовремено задоволувајќи ги постојано растечките потреби и барања на своите клиенти. Амбицијата на ВитаСтарт е да биде прв избор при бирање добавувач на хранливи материи. Компанијата работи активно за подобрување на квалитетот и безбедноста на храната на природен начин, така што се стреми да понуди само избрани и докажани производи. Врз основа на своето 3-годишно искуство, ВитаСтарт има за цел да избере компании со солидна репутација, лидери во нивниот сектор.
Вредностите врз кои се темели работењето на компанијата се:
- Одговорност
- Почитување
- Експертиза
- Лојалност
- Прецизност
- Отвореност